You are currently viewing РЕАКЦИЈА ПО ПОВОД ЕМИСИЈАТА „КОД“ НА СНЕЖАНА ЛУПЕВСКА – СОЗЕН НА ТВ ТЕЛМА

На ден 29.9.2024 година се емитуваше емисијата КОД посветена на „анти-родовите“ движења под „руско влијание“, една турлитава од емисија која започна со руски архимандрит со презиме Змеев кој доаѓал во Македонија и се среќавал со свештени лица во МПЦ, продолжи со Коалицијата за заштита на децата како „анти-родово“ движење и на крајот се надоврза со Родина Македонија како еден од поддржувачите на Коалицијата за заштита на децата, но со „руско влијание“. Комедија до бесвест.

Иако во прилогот за скоро сите споменати чинители, предмет на „истражувањето“ беше наведено дека добиле прашања и од нив биле побарани одговори, сепак Родина Македонија не беше контактирана за да одговори на поставени прашања. Новинарскиот кодекс вели дека треба да се слушнат двете страни, но веројатно тоа не важи и за Родина Македонија, или пак тоа е моделот на западната „демократија“ која така срчано ја пропагираат вакви „истражувачки“ новинари. И ништо не нѐ зачудува, бидејќи за време на својот четиригодишен период на постоење како политичка партија, телевизиите кои ги запоседнаа националните фрекфенции со цел „непристрасно“ да информираат, пренеле 0 изјави,0 реакции и 0 активности на Родина Македонија. Толку од објективно новинарство по западните стандарди. Едноумие пострашно и од комунистичкиот систем каде не можеше да се слушне друго мислење, различно од официјалната наратива.

Родина Македонија е партија создадена од народот и под влијание само и исклучиво на народот македонски. „Влијание“ по дефиниција значи дека одреден субјект прима финансии од изворот на влијание. Сите годишни сметки и извештаи за донации на партијата се јавно објавени на веб страницата и секој, а не пак еден новинар, може да ги најде и анализира. Каде се доказите дека Родина Македонија е „под руско влијание“ кога сите финансии доаѓаат од нас самите, од народот македонски? Можеби вистинското прашање е под чие влијание се организациите кои го промовираат родот како социјална категорија и чувство и колку финансиски средства добиваат тие? Зошто КОД објави бројки од некои организации споменати во емисијата, а не од ХЕРА или Маргини?

Вадење од контекст на делови од нашите емисии и користење во веќе видената неолиберална глобална наратива во светот, каде се на удар и еден Доналд Трамп, но и Орбан од Унгарија, Фицо од Словачка, АДФ партијата од Германија, Ле Пен во Франција како соработници на Путин, е веќе видено сценарио, дури и малку досадно. Конструкцијата дека Родина Македонија е проруска партија е функционална само во делот на лесен американски кеш, кој денес го преплави пазарот на трудот, или проституцијата, сеедно. Родина Македонија беше единствената партија која му посака успех на Доналд Трамп во 2020 година и го поддржа кога го рушеше истата Шарена револуција, која ја рушеше Македонија. Родина Македонија е јасна во своите ставови: Македонија треба да соработува со СИТЕ народи кои нема да се мешаат во нашиот суверенитет, кои нема да поставуваат невозможни и непристојни услови за членство во некакви си организации во распаѓање и кои ќе нѐ почитуваат како Македонија и Македонци!

Многу е заПАДнато заштитата на нашите македонски деца КОД да ја препишува на Русија, Путин или било кој друг, затоа што децата се наша обврска и ничија друга. Борбата против сите штетни и декадентни идеологии и идеологии спротивни на македонската традиција е обврска на секој еден Македонец, не само на организациите! Во програмските цели на Родина Македонија јасно е наведено дека се залага за исфрлање на поимите „род“, „родов идентитет“, „родова еднаквост“, „сексуално и репродуктивно здравје“ од образованието на нашите деца. Исто така, Родина Македонија е замислена како организација која ги обединува сите организации и поединци кои имаат исти или слични ставови со родинските, а со цел нивно фактичко остварување. Затоа не е ништо чудно што Родина Македонија застана позади Коалицијата за заштита на децата, без разлика дали застапува исти или слични ставови со останатите партии, организации или физички лица кои ја поддржуваат истата или не. Став на Родина Македонија е дека е невозможно ситe да имаме исти ставови за сѐ, но мора да се обединиме околу заедничките бидејќи заедно сме посилни!

И за крај, во емисијата се наведе дека Родина Македонија се претставувала како заштитник на родот! Да, токму така! Но, не на „родот“ кој го измислија и поддржуваат извитоперените неолиберални педофилски умови, туку родот наш, македонски! Прашањето е зошто останатите партии не се заштитници на родот, а не зошто Родина Македонија е заштитник на истиот! Спинот не поминува кај освестениот народ македонски!

РОД – НаРОД – РОДина!


Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Пополнете пристапница