КОЛУМНА: ВИОЛЕТА ПЕТКОВСКА, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА
Јас живеам според планот на мојата душа, таа ме води, таа ми кажува накаде да одам, која да бидам, каде да се родам, каде да живеам и да творам, со кого да бидам и кого да сакам, кого не, таа ме носи кон љубовта и радоста во светоста на мојот дом, мојата земја! .
Таа ми дава сила да чекорам храбро само во светоста на мојата татковина, таму кај што сум задоена прв пат.. Тука кај што сум благословена да раѓам и моите деца по мене да раѓаат поколенија!
А не кон вашите планови за мене, вие не можете да ми го одземете се она што Бог ми го дал, јас сум божја креација, а не ваша, вие кои се менувате на политичката сцена и кои шурувате со лукавиот и се продавате за пари и моќ, немате моќ над мене, над Македонците и Македонија!
Вие немате ниту право ниту моќ да ја менувате божјата волја, мојот код и мојата ДНК, Бог ни дал и нам слободна волја да бираме како да живееме!
Ние бираме за себе, а не вие за нас!
Вие безбожните што по Бога хулите и неговата волја ја сфаќате здраво за готово до толку што се умисливте моќни мали богови сте, па се осмеливте Македонија да ни ја избришете, да не обезимените, да не потчините, да ја обезвредните и продадете македонската историја на оние кои немаат своја историја.
И таквите дегенерици и вие домашните слуги на кои божјата космичка искра ви изгаснала во вас од заслепеност и алчност, за азно и моќ, ќе немате своја иднина.!
Несвесни или свесни, ама, навјасани од нагонот за богатење, не сакате да видите колкава е моќта на космичката правда!
Инаку би се треселе од страв при помислата на Бога рака да му кренете и Македонците да ги ставате на страдење и државата да им ја одземете!
Можете со моливче да пишувате и да бришете колку што сакате, ама она што Бог го напишал ниту вие срамните слуги, ниту “моќниците” со многу пари на кои вие им слугувате не можете против зацртаното да го забраните, да се родам во Македонија, Македонка да бидам и моите внуци по мене Македонци да се викаат!
Затоа, вие развратните кои слуги им се сторивте на “моќните” богаташи и нивните држави, им се покривите за да ги крадете и нивните пари шверцерски!
Си ја преценувте моќта по туѓото, па се кооцкате со нашето, преку нашето страдање вие да ќарувате!
Македонија како да ви е наследена од татковците, ниту на ум ви паѓа дека Македонија е аманет од предците и наш завет да ја браниме од вас душманите на се свето македонско од тука до вечноста!
Тоа е вашиот план, а Македонците живеат кротко и чесно по планот на својата душа и по божјата волја, само тоа е нашиот единствен пат и патот на вистината!
Патот на љубовта која секогаш победува..Бог е љубов, Бог никогаш не греши и спасува и наградува во вистинско време, на вистинско место.
Не знаевме од каде и од кого, ама силно му верувавме дека нашите маки ќе бидат услишени, и ги услиши, па, ни го испрати славјанскиот руски брат да ни испрати автокефалија и порака до вас нечестивите дека ние сме само Македонци во Македонија, без срамните додавки и не знам какви придавки!
Со тоа завршија инсталациите на лукавите луциферијанци и тукашните домашни нивни слуги да ја разнебитуваат македонската самобитност, посебноста и сувереност да живеат, да дишат, да зборуваат, да творат и да се раѓаат само како Македонци во својата суверена татковина Македонија!
По ова големо сеславјанско признание вашите срамни договори, те незнам за Еу, те за договори за добрососедство и таква тиранска тиранија за мир во куќа… ВИ СТАНУВААТ БЛЕДО СЛОВО НА ХАРТИЈА и можете да си ги бришете чевлите на пат кон Еу каде што никогаш нема да стасате и заради Еу не можете веќе да не бришете и да не тргувате, никогаш.
Вашето заврши, нашето свето останува да постои!
Силно нека заѕвонат црковните ѕвона, нека удираат весело камбаните во овие мрачни и мачни времиња низ кои поминуваме како народ, веста за признавањето на македонската црква од страна на РПЦ одекна со голема радост!
Македонскиот славјански христољубив народ со рускиот брат по божја воља и промисла се сплотија во духовно братско единство кое толку многу ни беше потребно за зацврстување на нашите македонски позиции и темели против лукавите и против Словото Божјо и божјата волја да ни го одземаат правото секој ден да бидеме Македонци и нашата држава да се вика Македонија!
На нашата радост и нема крај и во име на таквото големо признание од страна на Руската православна црква ние вистинските правдољубиви Македонци по род и крв, бескрајно сме им благодарни на нашите славјански браќа за признавањето и за убавиот гест кој за нас Македонците беше важна и исконски потребна широкоградна заштита и разбирање!
Затоа, засекогаш ќе ги имате Македонците и Македонија за ваши сојузници и секогаш од срце најголема љубов и поддршка за вас!
Ви благодариме на љубовта, спасиба браќа!