You are currently viewing СРАМНО ОДНЕСУВАЊЕ НА УШТЕ ЕДЕН АМЕРИКАНСКИ СПЕЦИЈАЛЕН ПРЕТСТАВНИК!

„Просторот овде е затруен од дезинформации генерирани од Русија“, изјави Џејмс Рубин – специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент. Американскиот специјален претставник побара затвoрање на руската новинска агенција Russia Today (RT) на глобално ниво, затвoрање на RT во Белград, како и затвoрање на руски медиуми во Република Македонија.

Оваа апсурдност е траги-комична бидејќи македонскиот медиумски простор е под целосна контрола на западните информативни пропагандни системи, а сѐ останато функционира алтернативно, надвор од националните фрекфенции. За какви руски медиуми и руско влијание говори тој кога во Македонија се слеани 67 милиони американски долари за борба против руските „дезинформации“?

Сѐ што доаѓа од САД е декадентно, анти демократско, корупциско. Луѓе без манири ни доаѓаат и си земаат за право да диктираат услови на други земји. Квинслишката власт ги угостува и послушно клима со главите.

Господине Каубоец, Џејмс Рубин, нискиот рејтинг на САД и Западот воопшто не е последица на руско влијание и пропаганда, затоа што таа е слаба и не е организирана и присутна како вашата, туку на штетното дејство на САД и Западот врз квалитетот на живеење на народите.

Освестените, слободни луѓе во светот го чекаа токму овој момент, да добијат алтернатива на едноцентричниот американски, западен свет, каде вие имавте идеална шанса после распадот на СССР да подигнете еден подбар свет, без поделби. Наместо тоа, вие подигнавте свет со безбројни војни и уништувања, бомбардирања на Југославија, Ирак, Сирија, Либија и, како што дознаваме од декласифицираните информации од ЦИА, над 60 шарени револуции во светот!

Тој момент веќе постои и се нарекува мултиполарен, постзападен свет, кој го предводат Кина, Русија, земји од Јужна Америка и Африка, а извесно е дека ќе се приклучат и други големи држави.

Гледајте си ја својата работа и оставете нѐ ние да одлучиме што е дезинформација, а што не. Совети од држави со паднати вредности не сакаме!

Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!