Загрозување на безбедност на меѓународен сообраќај, како што е неовластеното влегување во контрола на летање, се кривични дела за кои е предвидена казна затвор од најмалку 5 години.
Уште од хашките случаи во времето на ДПМНЕ, па до овој последниот во М-НАВ, ДУИ е заштитена од системот во кој подеднакво владеат СДС и ДПМНЕ.
За нас спорно е и однесувањето на МВР, чија реакција не содејствува со сериозноста на делото, упад во стратешки објект на државата.
ДУИ е македонскиот пример зошто на луѓе припадници на терористички организации, не треба да им биде дозволен пристап до системот.
Но, благодарение пред се на американската амбасада, но и други западни амбасади, кои се нивни спонзори и менаџери, но и неспособноста на СДС и ДПМНЕ да изградат вредносен државен систем, денес ДУИ се однесува како бандите на башибозукот кои во турско правеле што сакале и за тоа имале заштита од управителите на Македонија.
Штетите кои ги трпи македонското општество од неспособната партизирана држава се огромни и сé повеќе се животно загрозувачки.
Ја поздравуваме реакцијата на синдикатот за контрола на летање кој спречи поголем инциденти и не потклекна на притисокот на ДУИ, давајќи пример како треба да се бранат националните интереси.
Ние како народ мора да се реорганизираме и да го отфрлиме овој систем, кој е трул до коска и кој на првиот притисок ќе се распадне и ќе се стори прав.
Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина
Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!
Поддржете ја пререгистрацијата на Родина Македонија