You are currently viewing ФАШИСТИ, КОМУНИСТИ, ФЕДЕРАЛИСТИ, СИТЕ БУГАРИ СЕ ИСТИ
  • Post category:Колумна

КОЛУМНА: TOMЧЕ ШИРКОВ, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

На 03.02.1922година бугарскиот премиер Александар Стамболијски издава декрат за покачување на националната безбедност со формирање на специјални вооружени сили наречени “Портокалова гарда“. Кои имале за цел да ги следат ловат и уништуваат (без предупредување) четите на #Организацијата. Со акцент на четите на Тодор Александров затоа што биле прогласени за екстремисти, македонисти и иридентисти кои и штетат на бугарската држава и бугарската нација.

При посетата на Стамболијски на кралството СХС ( Југославија) во 1922г јавно побарал од српскиот премиер, помош за уништување на “македонските екстремисти“. Тој пред кралската делегација и новинарите ќе изјави :

“ Вистината е дека ние Бугарите не зборуваме за Македонија, таа за нас е минато, поделбата заврши така како што заврши и тоа е зад нас. Ние не зборуваме, но има мнозина кои не само што зборуваат, мислат туку и дејствуваат за ВРАЌАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА на политичката сцена. Тоа се самите МАКЕДОНЦИ, кога велам Македонци мислам на цел народ, не како што вие мислевте, одредени чети или одредени поединци.

Барајте од Македонците да престанат да зборуваат и работат за Македонија. Не барајте од нас, се обраќате на погрешна адреса. Македонците се вистинските славјански Ирци кај кои националното сознание е многу повисоко отколку што вие можете да претпоставите. Нивниот екстремизам е застрашувачки и тие прават исто толку големи проблеми на нашата влада како и на вашата. Тие се раѓаат и умираат како борци. Направете тој народ да биде легален во вашата земја или помогнете ни да ги уништиме и затвориме нивните организации и лидери…Само немојте постојано да ја обвинувате Бугарија за нешта врз кои ние самите немаме контрола.“

Оваа негова изјава била капката што ја прелила чашата кај македонските војводи и токму поради оваа изјава тој е осуден на смрт од страна на Тодор Александров, а егзекуцијата( на најсвиреп начин) ја извршил скопскиот војвода Величко Вељанов -Чичето на 14.06.1923г.

Како што “Портокаловата гарда“ им земала крвав отпечаток на македонските комити за доказ дека се ликвидирани, така и на Стамболиски му било дозволено со сопствен прст и сопствена крв да го запише денот на своето погибие.

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

This Post Has One Comment

  1. Ivanka Petrovska

    Браво РОДИНА!

Comments are closed.