You are currently viewing УМЕТНОСТА И НЕЈЗИНИОТ МОРАЛ
  • Post category:Колумна

ПИШУВА: МАРТИН БУРОВСКИ, СЛИКАР И ЗОГРАФ

(од ателјето)

Почитувани,

Мојот текст и кажување ќе го започнам со една теза дека и најзокоравените западни историософии ја минимазираат и дегенерираат нашата севкупна византиска, сесловенска, македонска култура. Потклекнувајќи и на западната неоимперијална материјална дискултура ние го губиме нашиот сесловенски култ како еден народ кој што наследил голем“УМ” и “ЕТНОСТ” = “УМЕТНОСТ”. И ете, уште на самиот почеток ќе го кажам и крајот, и така да во западната уметност мајсторија има, а од духовноста само пустотијата ја има.

Токму затоа се чувствувам почестен да ви напишам еден текст, пред се јас како уметник сликар и зограф и наследник на едни од најголемите стари мајстори и теолози/духовници. Па, така ќе се повикам на мојата бранша која што е во служба и должност на мојот народ, како уметник од нашиот прајазик старословенски „УМ“ и „ЕТНОС“ што значи народ. И како резултат на тоа што треба да правам за да се спасам, мојата работа е намента за „ЕТОНСОТ“ т.е. за народот.

Секако да не ги заборавам моите другари и блиски пијатели кои што ми помагаа изминативе години во мојата десет годишна кариера, доколку не ме разберат нешто да ми овозможат поправен испит во некоја следна наша средба или изложба.

Почитувани, јавност и општество:

Како што напоменав, себеси се повикувам на исполнувањето на Божјата заповед за талентот кој што според сите Библиско – антрополошки и есхатолошки преспективи е даден од Бог во служба на народот и црквата. Сите уметнички дела од старите мајстори не се настанати од поседување на гордост или суета, потребата за материјалното, туку пред се од духовен и морален аспект, а кај повеќето од црковен аспект како и литургискиот и библиско – физиономскиот карактер.

Сите народи кои што страдаат и кога страдаат, тоа најчесто сликарите го претставувале во нивните дела, композиторите во нивните симфонии и писателите во нивните книги, како и да не ги заборавиме и борците патриоти за нашата татковина, кои што го дале својот животот за својата земја.

За кратко ќе се повикам на докторскиот научен труд на мојот духовен отец доктор отец Стефан Санџаковски (роден во Струга на 3 септември 1956 година) поранешен професор на Теолошки факултет, дипломиран Сорбонски париски студент со неговиот научен труд “Apoftegmata partum” што значи кодекс на монашките изреки од Египет на IV-V век на византиските Свети Отци. Најсилната изрека: (транскрипција од старогрчки на латиничен фонд) и (даден превод на македонски јазик), “DOSE EVA LAVE PNEVMA” – “ДАЈ КРВ ПРИМИ ДУХ ”. Сетоа тоа се чини многу тешко, но многу полезно за нашата работа низ која сите стари мајстори го поминале тој трнлив пат на пост, беда и сиромаштија, работа, глад, жед, студ во атељето, работа и очај, работа и посвета, слово, ука и поука и сето тоа е еднакво на нивните ремек дела и јас тоа го знам уште од денот кога се родив на овој свети век во светот и екот на уметноста.

Уметничкото дело т.е. сликата не е ништо посебно освен потегот од четката по што е препознатлив авторот од колорот и линијата, ставени врз белата основа со неговите импресии и експресии, субјектот и објектот. Додека иконата е симболично типолошко толкување на тоа што егзегетите го словат и кажуваат, всушност тоа е теологија во бои. Со нејзината најглавна каректеристика на обратната преспектива. Како што го гледаме светот и новокомпонираните правци во уметноста таа се повеќе личи и мириса на уметност, а се повеќе на една егоистична, антропоцентрична искомерцелијазирана – испрофитилизирана инсталација, сосема спротивна на старите светски веле мајстори.

Самата уметност се базира на човековото очистување прочистување и високото достигнување, таа во себе неможе да содржи зло.

– “Уметник кој што содржи зло неможе да наслика цвеќе – изрека на стар мајстор”.

Уметноста има и социјален карактер, психолошко дејствување на боите, помош како арт – терапија кај психичко болните лица, анти – стрес терапија, општествен карактер чиј што сега го направив со посвета на текстот кон општест ото и итн…

  • За талентот и наследената мајсторија од моите наставници и стари мајстори како и за наследството за мојот библиски капитал кои што ја одиграа кличната дејност во мојот живот, горд сум што сум под ова свето поднебје на нашата татковина Македонија и секако и јас како Македонец и сето тоа ме води во сите уметнико – еклисиолошки преспективи.
  • Оној кој што си прави личен профит или некаква си светска слава, своја слава не само што се убива себе си туку и останатите околу себе си.

Ви Благодарам,

Со почит,

Сликар и Зограф, Мартин Буровски, роден 1998 година, с.Русиново, Берово.

Студент на факултетот за ликовните уметности, љубител на византиската уметност/црковното сликарство како и нејзините химнографии и јазиците на византиските Свети Отци (старословенскиот и црковнословенскиот)

Живее во Скопје, посветен на ликовната класична и византиска уметност како и идната ликовна педагошка дејност кон дечињата.