You are currently viewing УСТАВНИОТ СУД ОДАМНА Е НЕНАДЛЕЖЕН СУД!

Уставниот суд одлучи дека е ненадлежен за Преспанскиот договор. Оваа одлука не е изненадувачка, бидејќи одамна овој суд е ненадлежен за кршењето на Уставот и е ставен целосно во служба на туѓите интереси и партиската мафија.

Со Преспански договор, инаку потпишан од неовластено лице, Министер, а не Претседател, се смени уставното име на Република Македонија. Ако на ова го додадеме и Референдумот од 30 септември 2018 година, како највисок демократски институт во демократијата кој го спречува промена на името, Уставниот суд се приклучува во институции кои се соучесници во уривање на уставниот поредок.

Нормално е тие судии во ваквите политички околности да се чувствуваат комотно во неизвршување на нивните функции, како судии на Уставен суд, за кои се платени од македонскиот народ.

Но, животот е тркалото, тој што судел, еден ден ќе биде суден.


Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Пополнете пристапница