You are currently viewing УЧЕСТВО ВО БИЛО КОЈА СТРАНСКА ВОЈСКА ИЛИ ВОЕНА ФОРМАЦИЈА Е ВИСОКО КАЗНИВО КРИВИЧНО ДЕЛО!

Пишува: Томче Ширков, член на Претседателството на Родина Македонија

“Република Северна Македонија со закон ја забранува поддршката на било која страна во воен конфликт, а директно или индиректно учество во било која воена формација, освен ‘Армијата на Северна Македонија’ ќе се процесира и казни според законски пропис“
???

1)Е сега дали новинарите, порталите, вестите кои го објавија огласот за учество на доброволци на Украинските фронтови е индиректно подржување и регрутација за “Странска воена формација“; И дали ќе бидат казнети по закон?
2) Дали учеството во мисија на НАТО во Полска е директно учество во туѓа армија со потенцијален ризик, цела македонска држава да биде вовлечена во воен судир со Русија?
3) Дали ставањето на рускиот список на “Непријателски земји“ на кој многу високо котираме и чисто економски ќе не чини помеѓу 300.000.000-500.000.000$ за првата година од санкциите (2022г) е кривично казнив? И кој ќе одговара за овие енормни милионски суми на загуба и осиромашување на македонскиот народ?
Додека трае лудилото, а руската федерација незапирливо напредува кон полската граница ( и во моментов држи под контрола 40% од украинската територија и има уништено 3/4 од потенцијалите на украинската армија), а Северна во име на македонскиот народ подржува нацистичка хунта која со државните резерви на Украина плаќа меѓународни терористи (кучиња на војната); Ослободува затвореници осудени на 20-30 год затвор и ги вооружува. Но како врв на лудилото регрутација за фронт на 16год. деца! Прв пат после познатиот говор на Хитлер и вооружувањето на “Дојче Јунген“ 1945г (кој е и последен говор на Хитлер), кога тој вооружува 15-16год деца да го бранат Берлин пред надоаѓањето на руските армии…Истото тоа владата на северна го подржува но во 2022год.
И најважно никој не одговара за тоа, и не само што не одговара, туку сиот тој фанатичен нацизам и глобал-фашизам е поздравен и подржан на сметка на Македонецот и неговиот скромен живот!

МАКЕДОНЕЦУ БУДИ СЕ ОД СМРТНИОТ СОН!