Тие кои ја мереа трасата на кинескиот изведувач на автопатот Кичево-Охрид, денес го одобрија договорот за изградба на коридорите 8 и 10, кој ќе биде потпишан од страна на Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.
Интересно е што ваков договор се потпишува по заобиколни патишта, без јавно наддавање и тендер, нетранспарентно, а ќе биде платен со народни пари во висина од фантастични за македонски услови 1.3 милијарди евра!
Што е спорно во овој договор?
Законот кој го донесе Собранието, овозможува постапка која нема да биде предмет на тендер, туку со директна спогодба со познат изведувач.Интересно е што предлогот за носење на овој закон не е од страна на Владата на „нивната земја“, туку од пратениците Јован Митревски, Арбр Адеми, Кастриот Реџепи и Сурија Рашиди. Испаѓа дека коалицијата на ДУИ и СДС прави сопствена процена дека само една градежна компанија во светот знае да гради автопати и дека тоа е токму компанијата која е позната како изведувач на американските интереси.
Следниот спорен момент е чинењето на 1км2 автопат.
Во овој случај тоа се фантастични 1,3 милијарди евра народни пари за кои ќе се изградат 110 километри автопат. Цената е 11.82 милиони евра по километар!
Родина Македонија направи истражувања која е просечната цена на чинење на километар автопат во регионот и Европа. Студијата за чинење на автопати во европските земји ги дава следните податоци.
Хрватска 6.68 милиони евра/км, Словенија 7.29, Германија 8.24, итн. (https://www.worldhighways.com/news/european-highway-construction-costs-evaluated)
Да потсетиме!
Цената на чинење на автопатот Кичево – Охрид со должина од 57 километри, чинеше 375 милони евра, односно 6.58 милиони евра по километар, што е во рамките на горе споменатата студија.Тоа е скоро дупло поефтино по километар автопат од тој кој ќе се гради со непосредна спогодба со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ .
Да се потсетиме кога СДС, раководени од американскиот и други западни центри на моќ ја водеа хибридната војна против „режимот“ на Никола Груевски, токму автопатот Кичево-Охрид беше посочен како еден од пример на корупција на „режимот“.
Резиме: Владата на ДУИ и СДС, во непосредна спогодба со странски инвеститор, договори со нашите народни пари да гради два пати поскап автопат по километар и тоа во вредност од 1.3 милијарди евра. Дали парите од таа разлика од километар автопат ги замолкнаа обвинителството, судот, антикорупциска и сите релевантни државни органи платени од народни пари, наместо да го чуваат и упатуваат на домаќинско трошење на народниот денар?
Срамен е молкот и на опозицијата!
Американска амбасадорке Анџела Агелер, ова ли е таа борба против корупцијата? Немојте после да се чудите зошто народите на светот бегаат од САД, како ѓавол од крст. Ах, да, заборавивме, тоа е руско влијание! Смешни сте!
За нас интересен е и молкот на западните „прогресивни“ невладини организации, кои така ревносно се бореа против корупцијата на „режимот“ на Никола Груевски. Исто така молкот на опозицијата ни дава за право да се сомневаме дека и тие земале од колачот, па со малку театар, на пример, ќе паднете во април, готови сте на априлили, ќе го покријат овој мега коруптивен договор.
Родина Македонија во овој момент може само да укажува на сѐ потрулата „нивна земја“, која ги пробива границите на криминалот и да работи на создавање на нови вредносни системи кои ќе ја водат земјата во иднина.
А вие народе, со молкот и членство во коруптивните системи на позиција и опозиција, само го одржувате овој систем, кој со секој изминат ден нѐ прави сѐ позадолжени и посиромашни!
Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!