You are currently viewing ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ, ГРАДОТ СКОПЈЕ И МАФИЈАTA

Политичките партии во своите кампањи често ја промовираат европската агенда, претендирајќи да се залагаат за ред, закон и правда. Сепак, реалноста покажува дека овие ветувања се само фасада, особено кога се соочуваме со очигледни примери на криминал и беззаконие, дури и во земји со „европска“ репутација.

Денес сме повторно сведоци на недолично однесување на градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, член на ДУИ – партија со проевропска реторика, дел од огнените, дел од власта. Наместо да покаже одговорност за наводните злодела во неговиот мандат, Ганиу демонстрираше ароганција и однесување што не доликува на јавен функционер.

Особено загрижува молкот на ВМРО-ДПМНЕ, партија што се декларира како проевропска и реформаторска, во борбата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, против урбаната мафија. Станува збор за над 150 дивоградби – не мали објекти, туку висококатници во срцето на главниот град на Република Македонија. Овој молк фрла сенка врз искреноста на нивните заложби за правда и ред.

Загрижива молкот на МВР кон постојаните закани по живот упатени кон Данела Арсовска и нејзиното семејство.

Загрижува и молкот кон фактите дека Цементара која е лоцирана на 6 км од центарот на главниот град, загадува со 600% повеќе од дозволеното, што е директно убиство на жителите на нашиот град.

Централната власт покажува неспособност да се справи со организираниот криминал и подземјето. Наместо да се фокусира на суштински проблеми, таа се занимава со ситни прекршоци, додека мафијата и подземјето земаат замав.

Изјавата на премиерот за вакви криминални дејствија, за кои тврди дека „нема надлежности“, автоматски ја губи легитимноста да ја извршува својата функција.

Политичката партија Родина Македонија недвосмислено ја поддржува градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во нејзината храбра борба против урбаната мафија, подземјето и примитивизмот на функционерите од партиите на власт. Ги повикуваме народот и институции да застанат во одбрана на правдата, транспарентноста и законитоста во нашиот главен град.


Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Пополнете пристапница

Напишете коментар