You are currently viewing ЦИРКУЗОТ НАРЕЧЕН  ШТЕДЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРИГИЈА!

Претседателот на Регулаторна комисија за Енергетика (РКЕ),Марко Бислимоски, ќе оди по скали наместо со лифт, но до скалите ќе пристигне со службениот автомобил кој полни бензин со парите од Буџетот на Република Македонија, односно со парите од македонскиот народ.

Оваквите агенции кои се надвор од контрола на Владата, изникнаа како печурки после дожд, со единствена цел, корпорациските странски и приватни интереси да се постават над државните, односно народните, За остварување на профит и ништо друго.

Една од главните програмски цели на Родина Македонија е укинување токму на овие Агенциите и враќање на ингеренциите под министерствата.

Во Република Македонија, во изминатите 77 години од независноста, електроенергетските објекти се подигнати од македонскиот работен народ, заедно со електро дистрибутивната мрежа.

Да потсетиме, во минатото Македонецот плаќаше и до 2000 германски марки за приклучок на струја.

Да се говори денес за светска цена на струјата и тоа да се зема пример само во западна Европа, е безобразно, криминално и исмевање на интелигенцијата на народот.

Но овој театар има и една друга димензија, да ни ја сокрие вистината за високата цена!
Знаеме дека војната која ја води западната цивилизација со Русија е скапа операција, а цената секогаш ја плаќале народите.
Токму таа војна на западната цивилизација, народите на западна Европа ја плаќаат преку енормно високите цени на сите енергенси, нафта, гас, струја, од каде профит се пренаменува токму во таа нечесна цел.

Ние со овие цени во суштина ја плаќаме војната на западот против Русија.

Тоа се согледува и со тоа што тие цени не важат за Русија, Кина, Египет, Индија, па и САД.

До кога ние како народ ќе бидеме дел од овој туѓ театар, а на наша штета, ќе зависи од сите нас!

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!