Браќа и сестри Македонци. Пред 5 месеци ја објавивме единствената програма во Македонија која дава одговори на жестоките предизвици на поразениот неолиберализам кој под превез на лажна глобализација булдожира нации и граници вклучително и нашата татковина Македонија.
Програмата на РОДИНА МАКЕДОНИЈА е наша заедничка и припаѓа и може да ја преземаат како своја сите суверенистички партии, движења и организации.
Ја изложивме пред нашиот Македонскиот Народ програмата на Вистинскиот Македонски Пат за нејзино заедничко доработување, и, најважно, за заедничко спроведување во услови кога во Македонија целиот политички спектар и понуда е во рамките на поразената неолиберална идеја.
Сега Македонија има изворна суверенистичка програма, наспроти сите глобалистички ЕУ/НАТО партиски програми кои предлагаат козметика која не е лек за темелните проблеми со кои се соочуваат денес сите народи во борбата против лажниот глобализам кој брише нации и граници со цел власт и профит за корумпираните глобални елити и нивните домашни слуги и за вечно ропство на народите и поединците.
Во јавната консултација се приклучија многу Македонци, професионалци, експерти со во доработката на стратегијата и нејзината заедничка реализација за ослободување на нашата татковина Македонија и поставување на здрави темели за следните 1.000 години!
Придружете ни се сега заедно со Македонскиот Народ да ја доградуваме и спроведеме програмата „Вистински Македонски Пат“ и на Конкретните Програмски Целини согласно народниот интерес за Ре-Државизација на Македонија и 4-от Илинден со РОДИНА МАКЕДОНИЈА!
Програмата на РОДИНА МАКЕДОНИЈА е наша заедничка и припаѓа на сите и може да ја преземаат како своја сите суверенистички партии, движења и организации ги дава патоказите за Ре-Државизација и Возобновување на Македонската Државност и е базирана на длабоки анализи на општествените, економски, политички, социјални геостратешки и глобални и Македонски прoцеси како основа врз која ние ја втемеливме програмата Вистинскиот Македонски Пат како и во рамките на традиционалната Македонска Доктрина.
Врз основа на основните темелни принципи и програмските цели (1. Визија) ги разработивме конкретните програмски целини (2. Стратегија) за ослободување на Македонскиот Народ од националното, економско, социјално ропство – Вистинскиот Македонски Пат.
Врз основа на 1. Визијата и 2. Стратегијата изработуваме 3. Детален Оперативен план за спроведување на програмата.
https://rodina.org.mk/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0/
Биди дел од иницијативата „Родина“
https://rodina.org.mk/pristapnica/
Потсетување на објавувањето на Јавната Консултација пред 5 месеци: