Колумна: Зоран Јованчев
Ни пристигна уште еден датум за ЕУ, 15-ти декември 2021, 30 години од првиот датум!
Евроатлантистите го чекаат како зависник дрога.
Како се доближува датумот, така дрогата слабее, се предозира пациентот, губи волја за живот.
Најсилна е неколку месеци, пред да се најави.
А веќе, новата дрога е најавена за април, мај 2022.
Ние веќе ги гледаме штетните последици од 30 годишното навлекување на ЕУ!
Анационален политички систем, кој државата ја претвори во полигон за социјални, воени, здравствени, еколошки и други експерименти.
Терористи спонзорирани од ЕУ на највисоки позиции во државата, кои денес од внатре ја растураат.
Се пониско ниво на национална свест, се помалку квалитет, знаење, вистински избори и законитост.
Се помалку морал, семејство, деца, се повеќе декаденција, сексуално манипулирање, необразување.
Се повеќе одрод во врвот, се помалку народ во земјата.
Газење врз најдемократскиот институт Референдум, Волјата на нацијата.
Западните амбасади ни станаа влади во сенка!
Лекот?
Апстиненција, тоа е суштински лек за било која зависност, ЕУ, дрога, секс, алкохол, храна.
Бара суштинска промена, начин на живеење, начин на размислување, организирање.
Многу едноставен лек, кој чини 5 пари.
Вртење кон самиот себе, промена внатрешна, желба кон вистината, правдината. Преминување од реторика во моторика, организирање во вредност.
Дали е во понуда на политичката сцена?
Дали некој говори за постзападниот свет, кој инаку е свет на опиумски војни, колонијализам, инквизиции, фашизми.
Дали некој говори за суштината на македонизмот, силата на соборноста на најдобрите Македонци, силата на светлиот ум, на општествена одговорност, закон праведен подеднаков за сите?
На организирање во Добро, во верба во Бога, во ПравоСлавие, во Служење а не малтретирање и ограбување на својот народ.
Во промовирање на МИР и соработка во светот, а не промотор и соучесник во воени крволочни интервенции врз суверени земји, предизвикувајќи ги најголемите мигрантски кризи. Милиони народи раселени од своите огништа за потребите на алчните западни корпорации.
Да апстинираш, значи да намалиш од материјалното, егото, а да го зголемиш духовното, колективното.
Дали некој го применува тој лек?
Колку зависници имаме од дрогата ЕУ?