You are currently viewing 5 ГОДИНИ ОД РЕФЕРЕНДУМОТ НА 30-ти СЕПТЕМВРИ 2018 ГОДИНА И ТРИТЕ НЕ!

Референдумите се највисокиот институт во едно демократско општество. Тие се репрезент на волјата на нацијата под која сите општествени чинители треба да се подвигнат. Посебно политичките партии, како главни чинители во општествениот живот на државата.

За жал, кај нас политичкиот систем е целосно морално деформиран и ставен во корист на туѓи интереси, игнорирајќи ја волјата на нацијата. 

Тука би сакале да ги издвоиме претставниците на западните земји, кои грубо се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија,не почитувајќи ја волјата на македонската нација.

Македонскиот народ нема да го заборави нивното директно вклучување и менаџирање на геноцидниот проект од 30 Септрември 2018 година, каде сакаа да нѐ наместат да се самоизбришиме.

Овака, бришењето на македонскиот народ е на рацете на западните колонизаторски сили, кои еден ден сигурно ќе одговараат пред лицето на правдата, заедно со локалните извршители.

Македонецот јасно кажа НЕ за преспанскиот договор, кој воедно е потпишан од неовластено лице, НЕ за ЕУ и НЕ за НАТО.

Меѓународното право е исто така на наша страна!

Родина Македонија како суверенистичка партија е верна на двата Референдуми од 08 Септември 1991 и 30 Септември 2018-та година. 

Референдумите се облигаторни за нас и не може да бидат предмет на политичка процена. Во нашата програма тие се и задолжителни за суштински национални и локални прашања.

Најдобриот тест за демократскиот потенцијал на било која политичка партија, општествена институција и личност, е дали ги почитувате одлуките од двата референдуми и што правите истите да бидат реализирани?

Направете го тој тест, за да може да дојдеме до суштинси промени во нашата држава, кои и те како се потребни во овие критични моменти по нашиот опстој.


Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Пополнете пристапница