На денешен ден во 2020 година „Северна Македонија“ и „северномакедонците“ станаа членка на НАТО. Формулацијата „северномакедонци“ не е случајна, таа се почесто се користи од НАТО алијанста.
Првпат во историјата на Македонија и македонскиот народ, тој е на погрешната страна на историјата, на агресорите, натрапниците, поробувачите, експлоататорите, насилниците.
Учествуваме индиректно во војна на глобалните западни сили против братската Русија и братскиот руски народ.
Го испорачавме севкупното оружје во таа војна, разоружувајќи ја Македонската Армија во критични геополитичи моменти.
Да потсетиме дека НАТО како демократски воен институт на западната цивилизација не го почитува највисокиот институт на демократијата, Референдумот, кој во Република Македонија се одржа на 30 септември 2018 година и каде беше неуспешен по три прашања:
Членството на Македонија во НАТО, членството на Македонија во ЕУ и Преспанскиот договор.
Како суверенистичка и народна партија, Родина Македонија секогаш ќе биде застапник на директната демократија, волјата на народот, како и запазување на цивилизациските карактеристики на македонскиот народ, а тоа е мир, соживот и соработка со народите од светот.