Ја споделуваме загриженоста на американските колонијални власти претставени преку Кејт Брнс, за катастрофалниот процент на доверба на жителите на нивната колонија „Северна“ кон судството (нивна наратива).
Македонија е мала земја, тука ретко постојат тајни, така и тајната дека судиите прво минуваат низ филтерот на американската амбасада ја знаат децата од градинка, пензионери, претставници на политички партии, медиумите…
Зошто на западните колонијални власти им е потребна контрола на судството, Родина Македонија многу јасно ќе го образложи.
Шарената револуција, која е веднаш после Портокаловата револуција на Мајдан во Киев, го имаат истиот организатор, САД и западните земји.
Тие револуции се модерно војување каде треба да се изврши државен удар преку неконвенционално војување, со употреба на „НВО“ секторот, претходно наполнет со долари и евра, како и терористичка компонента, во нашиот случај влез од страната на Косово под управа на САД во Диво Насеље.
Само по основ на овој случај, Судија во демократска земја би започнал предмет, „Уривање на Уставниот поредок на Република Македонија“.
По основ на промена на име, кое е исто така менаџирано од САД, со геополитичка цел Македонија на сила да влезе во НАТО, каде и влезе силувана, понижена и истепана, исто така имаме предмет, „Велепредавство“!
По основ на доставување на контејнери оружје на терористичка организација УЧК, логистика, во кризата 2001 имаме предмет, „Нарушување на територијалниот интегритет на Република Македонија“, итн, итн….
Да не говориме за западните монополи кои во криминални шаблони изнесуваат милијарди евра, притоа враќајќи илјадници за покриви, чешмички и лед сијалички.
За Родина Македонија целосно се јасни мотивите зошто судството треба да биде деградирано во услови кога државата е целосно урната од нивните ментори, западните стратешки гробари.
Резултатот е тој, 8% доверба, со тенденција кон 0%, што е прифатливо за колонијалните власти, за да непречено спроведуваат активности кои се спротивни на меѓународното и домашното право и да може слободно нивните избраници, избрани по негативна селекција, македонската петта колона, да ги реализира нивните интереси на терен.
Знаете добро, тоа ви се примерите во Авганистан, Либија, Ирак, Венецуела, дека тие активности со падот на довербата во домашните институции, носат и пад на доверба во таканаречената меѓународна западна заедница, САД и ЕУ, колонијалната управа.
Вие тоа го нарекувате руско влијание, но тоа е космичкиот закон кој кај нашиот народ е познат во поговорката, „Што ќе посееш, тоа ќе жнееш“.
Доаѓа време на жетва!
Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“