9-ти МАЈ ДЕН НА ПОБЕДА НАД ФАШИЗМОТ ИЛИ ДЕН НА ПОВАМПИРЕНАТА  ЕВРОПА (ЕУ)

Пишува Елизабета Чингарова Матевска

На 9-ти мај 2021година се навршуваат 76 години од крајот на најкрвавата, најскапа, најразорувачка, најраспространета војна во светот, започнта од темните сили на фашизмот. А веќе актуелно, наголемо се повампирени и активирани темните сили на фашистичкиот поредок, токму таму каде што и започна, во срцето на Европа.

Има ли поголем доказ за повампирување на фашизмот, од тоа што еден стар исконски европски народ, македонскиот народ, се соочува и ги преживува најтешките години после Втората светска војна. Република Македонија како држава победник над фашизмот со 25.000 жртви, со самостојно извојувана победа над фашистичките окупатори, Германија, Бугарија, Италија и бројни албански балистички колаборационисти, во едно општо народноослободително антифашистичко востание со 100.000 армија. Република Македонија, во склоп на Федеративна Југославија, држава темелник на поставување на Обединетите Нации, се соочува во невидена нерамноправна борба на уништување, черечење на државата, негирање на Македонскиот народ и нација, бришење на идентитетот, името на државата, негирње на јазикот!

Зарем не е непобитен доказ на повампирување на фашизмот, кога во ноември 2020година, во Њујорк во ОН, по иницијатива на Руската Федерација во коавторство со 58 држави на гласањето за ‘‘Борба против глорификација на нацизмот, неонацизмот и другите практики што придонесуваат за ескалација на современите форми на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и други форми на нетолеранција “, две земји беа против, САД и Украина. А неутрални беа 53 држави (Албанија, Бугарија, Хрватска, Естонија, Германија, Грција, Франција, Белгија, Унгарија, Италија, Шпанија, Јапонија, Норвешка, Романија итн). Но за жал, помеѓу неутралните се најде и Северџанија! Каков парадокс, какво недолично извитоперено однесување и непочит кон тие кои ја создадоа оваа држава!

Втората светска војна, глобален вооружен конфликт кој почнал на 7 јули 1937 година во Азија и на 1 септември 1939 во Европа и траела до 8 мај 1945 во Европа со капитулација на Германија, а до 2 септември 1945 во Азија со капитулација на Јапонија.
Втората светска војна се водела во мнозинство држави во светот, на секој континент. Борби се воделе низ Атлантскиот Океан, Источна и Западна Европа, Средоземното Море, Африка, Блискиот Исток,Тихиот Океан, и Југоисточна Азија.
До 1945 година околу 57 милиони луѓе загинале во војната, од кои окулу 45% биле цивили, вклучувајќи геноцид како што е Холокаустот. Втората светска војна е пример за тотална војна, каде што се вклучени фронтовска борба, бомбардирање на цивили. Активирање на атомски бомби, пронајдок на млазен авион, радар и др софистицирани пронајдоци.

Силите на Оската, предизвикувачите на војната, трите големи сили се Германија, Италија и Јапонија, тн Оска Рим-Берлин-Токио и нивните сојузници, Бугарија, Унгарија, Романија, Вишиевска Франција, Словачка, Финска, НД Хрватска, ПВ Индија и др. Сили кои ја изгубиле војната и претрпеле тежок пораз, со безусловна капитулација.

Сојузниците во Втората светска војна биле земјите кои се бореле против Силите на оската. Од многуте земји кои учествувале во војната предводници се, САД, СССР, Велика Британија и многу други земји, помеѓу кои, Австралија, Белгија, Бразил, Грција, Југослвија, Јужна Африка, Канда, Кина, Луксембург, Мексико, Нов Зеланд, Норвешка.

Ден на победата над фашизмот, или падот на Берлин, настапил после
самоубиството на Хитлер и падот на престолнината на Третиот Рајх, кој се одвивал од 16 април до 2 мај. Силите на Црвената армија, со големи жртви, успеале да го освојат градот и да го нанесат конечниот пораз на фашизмот.

9 мај, Денот на победа над фашизмот долги години беше најголемиот празник на Европа во 20 век. Антифашизмот, беше главна одредница на европскиот слободарски идентитет и курс на политичко делување се до падот на Берлинскиот ѕид во 1989година. Од тогаш наваму започна проектиран субверзивен процес врз човековта слободна мисла и историското свесно минато како база на либералната глобалистичка стратегија. Се направи безочна релативизација на фашизмот и многу фашистички приврзаници беа прогласени за жртви на комунизмот или жртви на разни собитија. Во тие рамки настана и “заборавањето” на големата победа на Антифашистичката коалиција во која СССР го понесе главниот товар на војната, со огромна материјална штета и со над 25 милионски човечки жртви!

Така 9 мај се прогласи за Ден на Европа. Денот на Европа е воспоставен како ден на сеќавање на декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година, што се смета за прв важен чекор во настанувањето на ЕУ.

Денес, 9-ти мај, ПОБЕДНИЦИТЕ НАД ФАШИЗМОТ ГО ОБЕЛЕЖУВААТ КАКО ПОБЕДА НАД ФАШИЗМОТ !
А старите фашистички аспиранти го покриваат својот срам, но воедно и го повампируваат и го нарекуваат, Ден на Европа!