ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија бр. 101/2019), член 1 и 9 од Упатството за начинот на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Бр. 01-158/1 од 4.3.2020г.) партијата РОДИНА МАКЕДОНИЈА подготви и објавува:

ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
1) Информации кои се однесуваат на дејствувањето на политичката партија, а се
утврдени со законите во Република Македонија и актите на политичката партија.
Статут на партијата 
Програма на партијата 

2) Основни податоци за контакт со политичката партија и тоа:
Име: РОДИНА МАКЕДОНИЈА
Адреса: ул. „27 Март“ бр. 10-1/2, 1000, Скопје; Телефони: 070 403 439; 070 403 413; Интернет страна: rodina.org.mk; е-пошта: contact@rodina.org.mk

3) Податоци за претседателот на партијата и основни податоци за органите на партијата

Биографија Претседавач I Огранограм I

4) Основни податоци за контакт со службеното лице за посредување со информации во политичката партија 

Писменото барање може да се поднесе по пошта, да се достави во архивата кај РОДИНА МАКЕДОНИЈА на ул. „27 Март“ бр. 10-1/2, 1000 Скопје, или да се достави електронски по е-пошта, contact@rodina.org.mk:

Одговорно лице: Зоран Јованчев  

Најдоцна во рок од 20 дена политичката партија треба да достави одговор до
барателот по поднесеното барање за слободен пристап до информации.

5) Список на лица вработени во политичката партија со позиција, службен мејл и службен телефон 

Во партијата нема вработени лица.

6) Законите со кои се уредува начинот, условите и постапката за основање, регистрирање и престанок на политичките партии; со кои се уредува начинот и постапката на обезбедување на финансиските средства, располагањето со средствата за тековната работа и дејствувањето на политичката партија, како и начинот на контрола на финансирањето и финансиско материјалното работење на политичките партии; со кои се уредува начинот на формирањето, организацијата, функционирањето и финансирањето на партиските
истражувачко-аналитички центри при политичките партии:
Закон за политички партии 

Закон за финансирање на политичките партии 

Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер 

7) Информации кои се однесуваат на приходите од Буџетот на Република Македонија (чл.9 и чл.10 од Закон за финансирање на политичките партии) (ЛИНК)

8) Информации кои се однесуваат на приходите од членарината. (ЛИНК

9) Информации кои се однесуваат на Регистарот на донации, односно Извештај за добиените донации (ЛИНК)

10) Годишен финансиски извештај (за претходната година, кој се доставува до ДЗР, УЈП
согласно чл.27 од Закон за финансирање на политичките партии) 
(ЛИНК)

11) Информации кои се однесуваат на приходите од продажба на промотивен и пропаганден материјал 

Родина Македонија не остарува приходи по овој основ.

12) Информации кои се однесуваат на сопствените приходи на политичката партија, на пр. од закупнина на движен и недвижен имот
на партијата, камата на депозит депониран во банка, приходи од печатени или други изданија, и др.

13) Информации кои се однесуваат на приходите од кредит/и, односно финансиски извештај за материјално-финансиско
работење на партијата ако обезбедува средства од кредит (посебна жиро сметка) 

Родина Македонија не остварува приходи по овој основ.

14) Информации кои се однесуваат на приходите добиени од Министерството за правда за финансирање на партиско истражувачко-аналитички центри (чл.10-а од Закон за финансирање на политичките партии), односно финансиски извештај за материјално-финансиско работење на партиско истражувачко-аналитички центар на партијата (посебна жиро сметка) 

15) Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за првите 10 дена од изборна кампања (ЛИНК)

16) Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за изборна кампања (ЛИНК)

17) Вкупен финансиски извештај со спецификација за трошоците за приходите и расходите во изборна кампања по одржани избори (ЛИНК)

18) Ревизорски извештај од извршената ревизија од страна на Државниот завод за ревизија на финансискиот извештај на
политичката партија од изборна кампања по одржани избори 
(ЛИНК)

19) Годишен извештај за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а кој е доставен до Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во тековната година за претходната година 

20) Образец – барање за слободен пристап до информации од јавен карактер и образец за жалба:

Барање за пристап до информации од јавен карактерОбразец за жалба 

21) Информации кои се однесуваат на висината на надоместокот за материјалните трошоци за дадената информација, утврдени од страна на Владата на РМ, а согласно член 28 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно Одлуката за утврдување надоместок за материјалните трошоци за дадената информација.