КОМУ СЕ ОБРАЌА Г.Г. СТЕФАН?
Станува состојба Македонецот и неговата родина Македонија да биваат напуштени и осамени. При Македонци и при Македонија – ем да се брише македонскиот народ ем да му ја ништат земјата и државата. Бидејќи од политичарите и нивните политички партии се изнаслушавме секакви глупости, на ред дојдоа да се „истакнат“ и црковните авторитети. Во еден ваков амбиент, по сè изгледа, се вклопува и г.г. Стефан, Архиепископот на МПЦ – ОА. Од прва, не е јасно дали политичарите и црковните лица си конкурираат во општите политички процеси или – напротив, се работи за докомплетирање на тимот кој треба да ја одигра улогата, во режија на странските налогодавачи: да се (де)физиономира, да се редизајнира македонскиот народ и неговата држава, а и црквата! Божиќното послание на г.г. Стефан во кое тој ни…