ЌЕ ЈА ИЗГУБИМЕ ДРЖАВАТА
Колумна: Томче Ширков, член на Претседателството на Родина Македонија Реченицата или секвенцата " Ќе ја изгубиме државата" е многу употребувана и злоупотребувана во поновата историја на Македонија. Но од кога хунтата стана власт и од кога Република Македонија стана "Нашата земја" енормно зачести употребата на таа реченица! Со цел, никој да не ве лаже, но и да кажеме и направиме нешто добро, ќе ја елаборираме истата таа реченица: 1) Многу погрешно дури погубно за нас, е фактот што некои луѓе, групи и функции ја поистоветуваат државата со : татковината, идентитетот, битот, културата, народот, традицијата. Ако сакате државата ја поистоветуваат со Родината!Значи да се разбереме, државата ја изгубивме многу одамна…Државата "Народна република Македонија" подоцна наречена СР Македонија ја изгубивме 1991. Тогаш ја изгубивме вистинската македонска држава.Кога ја добивме Република…