СТОП ЗА УРИВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА!
Почитувани Македонци (по род, државјанство и самоопределување), Сакаме јавно да предупредиме на разорните и погубни политики кои ќе бидат спроведени од страна на нелегалната и нелегитимна власт на т.н. северна, по кој знае кој пат. Политики кои ќе доведат до изедначување на македонскиот народ со некакви си "етнички заедници" и целосно (само)уништување на македонската нација. Сето ова ДОЛГОРОЧНО ќе доведе до ЕТНОЦИД на Македонците и исчезнување на Македонија. Овој процес на етноцид е овозможен од постојаните кавги и расправии во опозицијата. Кога тоа беше на ниво - непарламентарна опозиција можеше некако и да се толерира. Но, сега кога влогот е подигнат многу високо и кога "завојуваа" парламентарните опозициони партии ДПМНЕ и Левица, работите стануваат алармантни! Родина Македонија апелира до овие партии под итно да ги закопаат "воените секири"…