ЕУ-робија? Не, благодариме! Македонија се буди!

Пишува: Зоран Јованчев, член на Претседателството на Родина Македонија Браќа и сестри Македонци, доста ни е! Од денот кога се осамостоивме, ни ја продаваат истата бајка: „ЕУ е вашата единствена иднина!“ Триесет и четири години ни го повторуваат истото, како во времето на комунизмот, кога имаше само една „вистина“! ЕУ не е идеја – тоа е ново едноумие, нова тиранија, што не трпи ни збор против! Секој ден, на секој канал, 24/7, ни кажуваат: „Без ЕУ сте никој!“ А ние Македонци, древни и стамени, со дела кои се почитувани помеѓу народите! Кои се тие што ни проповедаат за ЕУ? Истите западни сили што ја основаа Европската заедница за јаглен и челик во 1951 година – Франција, Германија, Италија, Белгија, Холандија, Луксембург. Истите што после Втората светска војна, ги…

ПрочитајЕУ-робија? Не, благодариме! Македонија се буди!
Read more about the article НЕ ЗА СПЕЦИЈАЛНИОТ ТРИБУНАЛ ЗА ЗЛОСТОРСТВАТА НА РУСИЈА!
ЕУ и Русија

НЕ ЗА СПЕЦИЈАЛНИОТ ТРИБУНАЛ ЗА ЗЛОСТОРСТВАТА НА РУСИЈА!

Во врска со пристапувањето на Република Македонија кон Иницијативата за формирање на специјален трибунал за злосторствата на Русија во Украина, Родина Македонија го издава следново соопштение до јавноста: Пристапувањето на Република Македонија кон спомнатата Иницијатива Родина Македонија го оценува како акт на избрзаност и политичко - дипломатска незрелост на актуелната власт. Сметаме дека Република Македонија не претставува никаков чинител ниту, пак, е членка во Европската Унија, па се поставува прашањето во кое својство пристапуваме кон ова непринципиелено иницирање на политичка борба која во ниту еден момент не претставува ниту наша потреба, а ниту сме на кој и да било начин предизвикани за преземање на вакви неразумни и радикални чекори. Повеќе е од јасно дека Република Македонија треба да биде последната земја која би поддржала формирање на вакво тело,…

ПрочитајНЕ ЗА СПЕЦИЈАЛНИОТ ТРИБУНАЛ ЗА ЗЛОСТОРСТВАТА НА РУСИЈА!

ДРЖАВНИ НАГРАДИ ЗА ТРАНСРОДОВИ ЛИЦА И ИДЕАЛИТЕ НА ВМРО И МАКЕДОНИЈА?

Активистката и трансродова жена Лила Милиќ и Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации од Скопје се годинашни добитници на државната награда „Мето Јовановски“, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Наградата ја доделува Министерството за култура! Владата на „ВМРО“-ДП(М)НЕ до запирка ги спроведува истите агенди како и СДС, а тоа се продолжение на бришење на институциите од македонски во национални и промовирање на трансродови агенди. Нашето македонско општество има дефицит од морал, традиционални и православни вредности, повеќедетни семејства, а има вишок на неморал, декаденција, разврат, неолиберални идеологии. Промовирање на овакви вредности од страна на државата е пример кој е погрешен и кој многу наши македонски деца ќе го сфатат како нешто нормално, а е ненормално. Родина Македонија останува посветена…

ПрочитајДРЖАВНИ НАГРАДИ ЗА ТРАНСРОДОВИ ЛИЦА И ИДЕАЛИТЕ НА ВМРО И МАКЕДОНИЈА?

ДП(М)НЕ КАКО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА ВАЗАЛСКАТА ПОЛИТИКА НА СДС!

Република Македонија, или по нивно С…. Македонија, повторно гласаше против резолуцијата иницирана од Русија и 40 земји коавтори „За борба против глорификацијата на нацизмот, неонацизмот и другите практики кои придонесуваат за ескалација на современите форми на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и слични нетолеранција“. На третиот комитет на 79-та сесија на Генералното Собрание на ОН, за гласаа 116 земји, против 54, а воздржани 11.  Резолуцијата беше усвоена! Владата на ДП(М)НЕ ја продолжува вазалската политика на СДС. Од Македонија Горда, остана само Северна и бедните флоскули од изборната кампања на ДП(М)НЕ и светите букви ВМРО. Оваквото однесување на националните политичари е срам и напуштање на АСНОМ и антифашистичките идеали на нашиот македонски народ, кој беше на вистинската страна во 2 светска војна каде даде 25000 животи.  Господа од ДП(М)НЕ и…

ПрочитајДП(М)НЕ КАКО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА ВАЗАЛСКАТА ПОЛИТИКА НА СДС!

СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО НА МАКЕДОНЦИТЕ СО ГЕРМАНИЈА И СВИТКАНАТА КИЧМА!?

На 10-тиот Берлински самит, организиран под покровителство на германскиот канцелар, премиерот Мицковски и министерот за надворешни работи Муцунски ќе ја истакнат важноста на стратешкото партнерство на нивната земја со Герамнија. По тој повод би сакале да дадеме свој придонес во освежување на меморијата на Македонците од резултатите на таквото партнерство на Балканот. 16 Март 2009 година,амбасадорката Кноц, за време на одржувањето на симулациска игра „Создаваме нова Европа“ во Педагошкиот факултет во Скопје во која учестуваа студенти од повеќе балкански земји, ја пренесе визијата за Македонија во 2020 година на младите луѓе кои учествувале во проектот.„Во 2020 ќе бидете членка на ЕУ. Ќе имате ново име- ’Северна Македонија’. Владата ќе биде составена од партија со име ’Нова мекедонска партија’, во која членови се Албанци и Македонци. Албанското население ќе…

ПрочитајСТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО НА МАКЕДОНЦИТЕ СО ГЕРМАНИЈА И СВИТКАНАТА КИЧМА!?

НОВИТЕ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ – НОВ ЕТНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ

Колумна: Коста Јовчевски – Корчагин, Претседавач на Советот за Родина Во фаза сме кога наголемо се шпекулира и се малтретира народот во врска со издавањето на лични документи за македонските граѓани, а во согласност со т.н. „Преспански договор“. Според овој „договор“ личните документи требаме да ги промениме до 12 Февруари иако сега тој рок ќе биде нешто продолжен. Продолжен или одложен, но не и преиспитан, па се до негово укинувањ.             Уште во членот 1 точка 3 потточка а) од договорот променето ни е вековното име и некој се согласил дека „Официјалното име на Втората страна ќе биде „Република Северна Македонија“, што ќе претставува уставно име на Втората страна и ќе се употребува erga omnes...“ (а, како ли можеле предвреме да бидат толку сигурни дека тоа име навистина…

ПрочитајНОВИТЕ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ – НОВ ЕТНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ

ПРЖИНСКАТА ВЛАДА, ДНОТО НА ДЕМОКРАТСТКОТО ЖИВЕЕЊЕ!

Во Македонија егзистираат уникатни политички модели кои не се видени во ниту една друга земја. Западните мешетари, олицетворени преку западните амбасадори и нивните служби, оваа територија ја имаат означено како територија на која ќе се реализираат експерименти од различен карактер. Таков модел е и пржинската влада која се изроди како консензус помеѓу ДПМНЕ и СДСМ, во услови на уривање на уставниот поредок на Република Македонија, кога тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев, доби поддршка од служби на „големи“ земји. (види ПМ мерки, средба во Александар Палас, Никола Груевски-Зоран Заев), за уривање на легитимно избраната власт на Никола Груевски. Уште една деформација на овој веќе унаказен и нефункционален политички систем е поставување на дезертери и терористи на високи позиции. Талат Џафери, докажан елемент на терористичка организација, на чии раце…

ПрочитајПРЖИНСКАТА ВЛАДА, ДНОТО НА ДЕМОКРАТСТКОТО ЖИВЕЕЊЕ!

НОВИТЕ ЛИЧНИ КАРТИ СЕ ВО СПРОТИВНОСТ СО УСТАВОТ, МЕЃУНАРОДНИТЕ КОНВЕНЦИИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И ГРУБО ГИ КРШАТ ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

Во новите лични документи, кога се работи за македонскиот народ, се брише националноста Македонец и истата преминува во граѓанин на Република Северна Македонија, што претставува грубо кршење на индивидуалното право за национална самоопределба на секој еден човек. Свесни сме дека изворот на оваквата деформација се западните сили кои создаваат нов ентитет, граѓанин на Република Северна Македонија, селектиран од одродот на македонскиот народ и кој по системот на негативна селекција е поставен да управувава со нашата држава Република Македонија, создавајќи ненормални услови за Македонците, македонското. Обврска е на целиот македонски народ и неговите организации, да реагираме заедно против оваквиот фашистички чин, каде се наметнува одродничка националност врз цел еден народ, грубо кршејќи го основното човеково право на самоопределба. Ние немаме ништо против одредени наши сонародници, кои поради патот кон…

ПрочитајНОВИТЕ ЛИЧНИ КАРТИ СЕ ВО СПРОТИВНОСТ СО УСТАВОТ, МЕЃУНАРОДНИТЕ КОНВЕНЦИИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И ГРУБО ГИ КРШАТ ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!?

Зоран Јованчев, Претседавач со Претседателството на Родина Македонија Пред некој ден чувме една несреќна изјава, на исто така, еден несреќен Претседател, кој е случајно на тоа место со 0,2% рејтинг и поставен по систем на негативна селекција од страна на евроатланските социјални инжинери за изборни резултати, каде говори за руското влијание. Интересно е што Стево, кој си го нарече народот стока, а по која изјава и си го доби надимакот, говори за руско влијание. Да анализираме каде го има руското влијание? Руски медиуми и телевизии во Република Македонија, 0%. Политички партии во Собранието на Република Македонија кои ја протежираат Русија, 0%. Руски компании прусутни во Република Македонија, 1%. Шарени револуции, хибридни војни, изборни инжинеринзи водени од Русија, 0%. Културни манифестации со руски карактер, 1%. Број на дипломати на…

ПрочитајРУСКОТО ВЛИЈАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!?

ЛИДЕРСКА СРЕДБА, ИЛИ СРЕДБА НА ИЗМЕЌАРИ НА СТРАНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ!?

Од лидерските средби на лидерите на ДПМНЕ и СДС, најмногу настрада Македонија во изминатите 30 години. Избришано име, компромитиран идентитет, изгубена сувереност, урнат Устав, фалсификуван попис, раселен народ, девастирана економија, здравство, образование. Во Македонија напредува предавството, корупцијата, лажните докторати, лажно образовани луѓе, партизација на општините, државата, институциите, трансродовите и други сексистички идеологии на умно пореметената глобална елита и албанската иредента. Да се биде водач на еден народ, значи да се служи на тој народ! Лидерите на ДПМНЕ и СДС во изминатите децнии служеа на сите, освен на македонскиот народ.Народ кој умира од болка за срамот нанесен од политичките дилетанти од СДС и ДПМНЕ. Затоа лидерските средби помеѓу СДС и ДПМНЕ треба да ги именуваме со правото име, средби на измеќари на странските интереси! На Македонија ѝ е потребен…

ПрочитајЛИДЕРСКА СРЕДБА, ИЛИ СРЕДБА НА ИЗМЕЌАРИ НА СТРАНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ!?