НЕМА АЈРО, АЈРООО НЕМА, ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА „АЈРОДРОМ“ ЗА КРИМИНАЛЦИ!

Се сеќавате на познатата изјава на сегашниот таканаречен премиер на таканаречената дивоградба „Северна“, за Ајрото?Нема Ајро, Ајро нема, Ајродроооом, а нема Ајро…Нивните прошетки со скафандери во изборните кампањи?Тогаш беа опозиција, сега се власт!Вредностите на загадување на воздухот кои ги покажуваат мерните станици воопшто не се подобрија, напротив, тие постојано се влошуваат, без разлика кој е власт, а кој е опозиција.Прикривањето на криминалот со отпадот, кој прави профит во милиони евра годишно, постојано се прави со театар и дефокус од главниот виновник за истиот.Отпадно уље како мазут е мало бебе во однос на опасниот отпад со штетни и тешки хемиски елементи кои се увезува од Италија и други земји, преку балкански дилери.Последиците?Зголемена смртност, многу поголема од Сарс Ков 2, канцер кој во 95% случаи завршува со смрт, стерилитет, леукемија,…

ПрочитајНЕМА АЈРО, АЈРООО НЕМА, ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА „АЈРОДРОМ“ ЗА КРИМИНАЛЦИ!

ЗАГАДУВАЊЕТО И ЗДРАВЈЕТО НА НАЦИЈАТА!

Вчера Тетово беше најзагаден град во светот, по незнаме кој пат. Град со неполни сто илјади жители, неспоредливо помалку од милионските мегаполиси во светот, под падините на прекрасната Шар планина, го дише најзагадениот воздух. Каква апсурдна состојба, опасна по живот! Во слична состојба се и останатите градови во Република Македонија! Македонија, земја на сонцето, со 340 сончеви денови, со 2 милиони жители, уште ги сече шумите и се грее на дрва, во 21-от век. Безидејноста на политичките гарнитури, корупцијата, како и најголемиот дострел на владеењето на градночалниците, цртање на маркици и зголемување на катноста, ги претворија градовите во урбани депонии и хаос, платен со здравјето на луѓето. Лицемерието за некаква загриженост на кризни штабови, влада, позиција и опозиција е ефтин театар, за да продолжи грабежот на 650 милиони…

ПрочитајЗАГАДУВАЊЕТО И ЗДРАВЈЕТО НА НАЦИЈАТА!

„АЈРОМЕНИТЕ“ НА „СЕВЕРНА“ И „АЈРОТО“ (ВОЗДУХОТ)!

„Ајрото“ на Заев и Шилегов во „Ајродром“, но и насекаде во Скопје и Република Македонија, станува се поотровно! Станува се поопасно живеењето во Република Македонија, поради се понеспособните Влади кои по системот на негативна селекција се бираат од надвор, односно се црпнуваат од земја. СДС за ДПНЕ ќе местеше семафор за криминалот од 500 милиони евра годишно, но и ДПНЕ го обвинуваше СДС за отприлика истата сума. Ако на ова ги додадеме и странските рекетари кои годишно извлекуваат од македонското општество исто толкави суми, ќе дојдеме до неверојатни за Македонија, една милијарди евра годишно, КРИМИНАЛ. Токму немањето на овие една милијарда евра годишно, но и немање на систем на вредности, стручност, знаење, ги елиминира сите посуштински инвестиции и проекти во Република Македонија во делот на екологијата, енергетиката, јавниот…

Прочитај„АЈРОМЕНИТЕ“ НА „СЕВЕРНА“ И „АЈРОТО“ (ВОЗДУХОТ)!