Како се “Отуѓуваат” Хидроцентрали? И Сега ХидроМицко е Мицко-Милионер или Мицко со ХидроБратучед?
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за порталот Макфакс откри ексклузивна информација, изјавувајќи дека тој веќе не е сопственик на удел на хидроцентралите од 7 проценти, "гордо" пренесува ДПНЕ сајтот. Нам обичните граѓани ни останува нејасно како тоа се отуѓуваат Хидроцентрали. Да не збoруваме и како професор во сосема друга сфера со професорска плата кој никогаш не бил бизнисмен воопшто доаѓа до удел во хидроцентрали? Не знаеме, сме немале, па интересно е да ни се објасни каде завршуваат отуѓените хидроцентрали? Во дом за отуѓени хидроцентралчиња? Дали сега ХидроМицко е само Мицко со Хидро-Братучед? Или ако е продадено на неделниот таен пазар за хидроцентрали некаде околу Скопје каде од проценето 10-милионскиот (во Евра) заврши уделот на ХидроМицко? Ги подели ли со сиромашните како Робин Худ? Можеби ги даде за борба…