ГОСТИ ДОМА – КРИВИЧНО ДЕЛО! ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ?
Министерот Филипче и Комисијата за заразни болести доставија предлог Одлуки до Влада на Република Македонија во врска со анти-корона мерките.Еден од предлозите е забрана за групирање на повеќе од четири лица, како и забрана за одење во посета – гости на повеќе од четири лица. Се бара од полицијата да спроведува мерки – казни доколку утврди дека на гости ви дошле повеќе од четири лица.Според Уставот на Република Македонија, кој се прашуваме дали воопшто некој го чита и почитува, полицијата смее да влегува во домовите само доколку има судски налог или основано сомнение за сторено кривично дело, но не е и да проверува колку луѓе има во стан или куќа.Исто така, според Уставот:Член 26 Се гарантира неповредливоста на домот. Правото на неповредливост на домот може да биде ограничено…