ВЕЧНА ТИ СЛАВА ГОЦЕ МАКЕДОНЕЦУ, ШТО ЧЕСНО И ОДВАЖНО, САМОСТОЈНО ЈА ПРОДОЛЖИ СЛАВАТА АЛЕКСАНДРОВА!
Пишува, Елизабета Чингарова Матевска, член на Претседателството на Родина Македонија Посветено на Гоце Делчев, (Кукуш, 4 февруари 1872 - Баница, 4 мај 1903), ЕГЗЕМПЛАР НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНОСТ! Можете заеднички да го ‘‘чествувате‘‘ денот на Гоцевото раѓање, но тоа не допира ни до него, ни до нас Македонците. До него, ДО ГОЦЕ ВО ВИСОЧИНИТЕ НЕБЕСКИ, ДОПИРА САМО ИСКРЕНОТО И ОД СРЦЕ И ОД ДУША ПОЧИТУВЊЕ ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! Додека соседите коленичеа пред белосветските преддворја, за да им доделат владетел-водач-заштитник, МАКЕДОНЕЦОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, МАКЕДОНСКИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ, ВОЈВОДИ, КОМИТИ, НАРОД, САМОСТОЈНО И ГОРДО ЈА ВОДЕА СВОЈАТА БОРБА ЗА САМОСТОЈНА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА! Дали ова е погрешниот пат или не, останува иднината да потврди. Но, нашите предци длабоко вкоренето го носеа, еонот и гласот на минатото кое ечеше во нив како и во нас…