Реакција на Родина Македонија по повод бришењето на македонскиот јазик и идентитет во европскиот парламент
Почитуван наш македонски народе, Фашизмот не е изолиран феномен во западната цивилизација, туку нејзин составен дел! Неодамнешното бришење на македонскиот јазик и идентитет од Извештајот за Македонија, изгласан од трите најголеми парламентарни групи во Европскиот парламент, е само уште еден доказ за антимакедонската политика на Европа. Европа е синоним за историски неправди кон македонскиот народ: од Букурешкиот договор во 1913 година, со кој Македонија беше поделена на три дела, преку менаџирањето на демографски промени во Егејска Македонија со доселување на население од Мала Азија, до повторната поделба во 1941 година за време на фашистичката окупација. Европа е исто така одговорна за блокадите на Македонија во меѓународните институции, поддршката на УЧК, како и за наметнувањето на Привремената спогодба, Рамковниот договор, територијалната поделба, Туранската платформа, Францускиот предлог, Шарената револуција и…