ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ И АЛБАНСКИОТ ИРЕДЕНТИЗАМ И ШОВИНИЗАМ!

Вчера бевме сведоци на дивеење на албанскиот иредентизам и шовинизам низ центрите на многу градови низ Македонија.Се славеше денот на албанското знаме, додека гореше и се газеше македонското знаме. Вчера видовме држава која не постои, која ја нема, односно ја има по грмушки за пишување на казни за брзо возење, ја има кога некој Македонец ќе извади македонско знаме, ја има кога Македонци ќе протестираат и врз нив ќе се примени брутална сила, тогаш ја има државата и тоа по сите стандарди. Молчат градоначалници, молчи МВР, молчи премиер, Претседател на држава, молчи целиот естаблишмент, молчи амбасадата на Кале, молчи ЕУ. Молчи зелената проевропска агенда на ДУИ, ВРЕДИ, молчат албанските интелектуалци, политичари, граѓани на оваа држава.А на сите полна им е устата за право и правна држава, дека законот…

ПрочитајДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ И АЛБАНСКИОТ ИРЕДЕНТИЗАМ И ШОВИНИЗАМ!

ДП(М)НЕ КАКО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА ВАЗАЛСКАТА ПОЛИТИКА НА СДС!

Република Македонија, или по нивно С…. Македонија, повторно гласаше против резолуцијата иницирана од Русија и 40 земји коавтори „За борба против глорификацијата на нацизмот, неонацизмот и другите практики кои придонесуваат за ескалација на современите форми на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и слични нетолеранција“. На третиот комитет на 79-та сесија на Генералното Собрание на ОН, за гласаа 116 земји, против 54, а воздржани 11.  Резолуцијата беше усвоена! Владата на ДП(М)НЕ ја продолжува вазалската политика на СДС. Од Македонија Горда, остана само Северна и бедните флоскули од изборната кампања на ДП(М)НЕ и светите букви ВМРО. Оваквото однесување на националните политичари е срам и напуштање на АСНОМ и антифашистичките идеали на нашиот македонски народ, кој беше на вистинската страна во 2 светска војна каде даде 25000 животи.  Господа од ДП(М)НЕ и…

ПрочитајДП(М)НЕ КАКО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА ВАЗАЛСКАТА ПОЛИТИКА НА СДС!

ОД ИСТОРИСКИ КРИМИНАЛ ДО ВИЗИОНЕРСКИ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА

Интересни се однесувањата на раководството на ДПНЕ на чело со г.Христијан Мицковски пред и после изборите, по важни прашања од интерес на Република Македонија. Од името Република Македонија и македонско, каде денес продолжуваат да го бришат и заменуваат со национално, преспанскиот договор кој ќе го ревидирале и ќе се бореле да го сменат, Уставобранителите кои се заборавени и каде денес се амнестирани припадници на нарко картели и сега последното договорот со Бехтел и Енка каде пред избори беше историски криминал, да денес е историски момент на поврзување на нашата држава. Да цитираме изјава на г.Мицковски.пред изборите. 13.10.2023 Мицкоски: Бехтел и Енка ќе ја чини Македонија над 2 милијарди евра Проектот на Бехтел и Енка, ако е точен оној договор кој што ние го имаме добиено, а до сега…

ПрочитајОД ИСТОРИСКИ КРИМИНАЛ ДО ВИЗИОНЕРСКИ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА

ПРОФЕСОРКА ПО УСТАВНО ПРАВО И ПОМИЛУВАЊЕ НА ПРИПАДНИЦИ НА НАРКО КЛАНОВИ!?

Слоганот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат, а денес претседател на државата гордата Гордана, беше Македонија повторно горда! Ако ги погледнеме изјавите на денешниот премиер професорот Мицковски, како и на денешната претседателка, професорката Гордана, пред изборите и после изборите, ќе си помислиме дека се работи за различни личности со дијаметрално спротивни ставови. Од преспанскиот договор кој е спротивен на Уставот, волјата на нацијата и меѓународното право, каде тој не е реалност пред избори и може да се промени, до забрзано спроведување на менување на институциите кои носат предзнак македонски со национални после изборите, како и забрана за користење на името Република Македонија. Од борба против организираниот криминал на новиот Министер за внатрешни Тошковски и безбедност во државата, до амнестирање на припадници на нарко кланови и криминалци…

ПрочитајПРОФЕСОРКА ПО УСТАВНО ПРАВО И ПОМИЛУВАЊЕ НА ПРИПАДНИЦИ НА НАРКО КЛАНОВИ!?

СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО НА МАКЕДОНЦИТЕ СО ГЕРМАНИЈА И СВИТКАНАТА КИЧМА!?

На 10-тиот Берлински самит, организиран под покровителство на германскиот канцелар, премиерот Мицковски и министерот за надворешни работи Муцунски ќе ја истакнат важноста на стратешкото партнерство на нивната земја со Герамнија. По тој повод би сакале да дадеме свој придонес во освежување на меморијата на Македонците од резултатите на таквото партнерство на Балканот. 16 Март 2009 година,амбасадорката Кноц, за време на одржувањето на симулациска игра „Создаваме нова Европа“ во Педагошкиот факултет во Скопје во која учестуваа студенти од повеќе балкански земји, ја пренесе визијата за Македонија во 2020 година на младите луѓе кои учествувале во проектот.„Во 2020 ќе бидете членка на ЕУ. Ќе имате ново име- ’Северна Македонија’. Владата ќе биде составена од партија со име ’Нова мекедонска партија’, во која членови се Албанци и Македонци. Албанското население ќе…

ПрочитајСТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО НА МАКЕДОНЦИТЕ СО ГЕРМАНИЈА И СВИТКАНАТА КИЧМА!?

ДА ГО ВРАТИТЕ ИМЕТО!

На 15 октомври, Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија донесе одлука Албанија да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, со отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Основи вредности“, потврдија од унгарското претседателство со Советот на ЕУ. Како што може да приметите, Македонија повторно не доби датум за преговори со ЕУ.Иако Македонија промени име, знаме, внесе терористи во влада, за да влезе во ЕУ-топискиот рај на морално декадентната и во изумирање Европска унија. Родина Македонија ја повикува Владата на ВМРО-ДПМНЕ под итно да се повлече од преспанскиот договор и да го врати името на нашата света земја Македонија,а воедно да поведе и судски процеси за велепредавство и уривање на уставниот поредок на Република Македонија. Станувате соучесници во ова…

ПрочитајДА ГО ВРАТИТЕ ИМЕТО!

НОВИТЕ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ – НОВ ЕТНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ

Колумна: Коста Јовчевски – Корчагин, Претседавач на Советот за Родина Во фаза сме кога наголемо се шпекулира и се малтретира народот во врска со издавањето на лични документи за македонските граѓани, а во согласност со т.н. „Преспански договор“. Според овој „договор“ личните документи требаме да ги промениме до 12 Февруари иако сега тој рок ќе биде нешто продолжен. Продолжен или одложен, но не и преиспитан, па се до негово укинувањ.             Уште во членот 1 точка 3 потточка а) од договорот променето ни е вековното име и некој се согласил дека „Официјалното име на Втората страна ќе биде „Република Северна Македонија“, што ќе претставува уставно име на Втората страна и ќе се употребува erga omnes...“ (а, како ли можеле предвреме да бидат толку сигурни дека тоа име навистина…

ПрочитајНОВИТЕ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ – НОВ ЕТНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ

ОФИЦИЈАЛНИОТ МЕЃУНАРОДЕН КОД НА МАКЕДОНИЈА ПО ISO СТАНДАРДИТЕ Е МК И МКД!

Официјалниот код на Македонија по ИСО меѓународните стандарди кои се во сила се МК и МКД! Врска до официјалната страна за ИСО кодови, https://www.iso.org/obp/ui/#iso:code:3166:MK Поставување на кратенката НМК е надвор од меѓународните стандари и истата е произволна и противзаконита! Како таква може да значи и „На Мајка ви Квинслишка“ (НМК), на пример. НМК може да е производ и на влажните соништа на бившиот министер на МВР, Оливер Спасовски и предавничката булумента на СДС, за задоволување на мазохистичките барања на грчкиот силувач, познат и признат од крајот на 19 век, со многуте извршени етнички чистења врз Македонците од егејскиот дел на Македонија. НМК може да е и специјална операција, како една од многуте други на западните специјални служби за бришење на Македонија. Во суштина ние сме влезени во анархија…

ПрочитајОФИЦИЈАЛНИОТ МЕЃУНАРОДЕН КОД НА МАКЕДОНИЈА ПО ISO СТАНДАРДИТЕ Е МК И МКД!

ИЗГЛАСАНА ПОДДРШКА ЗА НЕЗАВИСНИОТ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ПРОФ. ВЕЛО МАРКОВСКИ

На третата седница на Централниот одбор на Родна Македонија беше разгледан извештајот на Претседавачот на Претседателството Зоран Јованчев, од средбите со кандидатот за Претседател, проф. д-р  Вело Марковски за претстојните претседателски избори во Република Македонија. Донесен е заклучок дека двете платформи, и таа на Родина Македонија и таа на проф. д-р Вело Марковски, во огромен дел се допираат и имаат заеднички суштински цели, од сопирање на сите штетни договори кои ги имаат сите елементи на геноцид врз македонскиот народ, борба против корупцијата, зачекорување во новиот мултиполарен свет и соработка со организации од Истокот, БРИКС, Евроазиската унија, како и развивање на добри односи со Русија и Кина, до возобнова на македонската нација. Проф. д-р Вело Марковски е првиот кандидат за Претседател на Република Македонија кој во својата платформа има…

ПрочитајИЗГЛАСАНА ПОДДРШКА ЗА НЕЗАВИСНИОТ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ПРОФ. ВЕЛО МАРКОВСКИ

ЕДИНСТВО ВО РАЗЛИКИТЕ

Одвај поминаа два дена од составувањето на неуставната катетегорија „Пржинскавлада“, а веќе отсега можеме да ја насетиме големата „промена“ која сегашнава опозицијаја најавува со години наназад. Техничкиот министер (каде ли постои ваква креатура?) завнатрешни работи од редовите на ДПМНЕ, остварил средба со грчкиот амбасадор воРепублика Македонија. Можеби тоа не би било до толку чудно ако причината за средбатабила во врска со издавањето на новите лични документи, според духот на Преспанскиотдоговор, односно продолжувањето на рокот за нивно издавање. Оттука, не може а да не се запрашаме што значи оваа непромисленост или, можеби,е сето тоа добро осмислено, во функција на (о)позициската определба да им седодворуваат на европско - амриканските газди, со крајна цел доаѓање и останување навласт. Генерално, ова може да се подразбере единствено како барање начин за олеснувањена процедурата…

ПрочитајЕДИНСТВО ВО РАЗЛИКИТЕ