Администрација

Од основните програмски цели

1. Прочистување на сите Македонски институции и администрација од кадар лојален на туѓи интереси.

Основни стратешка цели

  • Ефикасна и способна државна администрација со професионален менталитет на слуга на граѓаните и претпријатијата и нејзино драстично смалување и централизирање по сите министерства и воведување модерни методи на управување.

Мерки за постигнувањето на основните цели

  • Државни агенции и институции – Укинување на сите агенции и институции чии ингеренции се веќе дуплираат со ингеренциите на соодветните министерства.
  • Јавни претпријатија – Намалување на одвишниот персонал во државните и локалните јавни претпријатија.
  • Локална администрација – Укинување на одвишните ингеренции на општините и нивен премин во надлежност на државните министерства и драстично смалување на персоналот.
  • Вклучување на 2.000 Македонци професионалци од иселениците за реструктуирање на државната администрација и нејзино намалување и осовременување.
  • Преквалификација и пренасочување во реалната економија и приватниот сектор, услуги, производство, земјоделство, сточарство, туризам, информатика.
  • Промена на менталитетот на државната администрација од позиција на сила во позиција на сервис на граѓаните и реалниот економски сектор.
  • Администрација која одговорно го троши секој денар народни пари, транспарентна и отчетна пред народот.
  • Еднаков пристап до јавните и државните работни места за сите граѓани на Македонија по вредносен систем единствено заснован на стручност и компетентност.
  • Департизирана администрација и точно дефинирање на политичките позиции кои се пополнуваат со промена на власт.
  • Намалување на непотребните трошоци на државната и локална администрација кои не се во функција на сервис на граѓаните.
  • Воведување на систем со точно дефинирани работни места и нивен фиксиран број во државната и локална администрација како и јавните претпријатија.
  • Укинување на многу непотребни раководни позиции, драстично намалување на непотребните трошоци на преостанатите раководни лица, нивниот луксуз, возен парк, репрезентација.

Спроведување

Реформата на Македонската Државна Администрација ќе се спроведува централизирано од владата и министерствата под надзор на Претседателот на Републиката и со општествен надзор на работата на министерствата преку народни општествени совети од граѓани избрани од народот.

Спроведување координирано со

Реформата на Македонската Државна Администрација ќе се исполнува со паралелно применување на останатите основни цели:

  • Социјална, пензиска и здравствена заштита за секого, ниеден Македонец и семејство нема да бидат оставени сами на себе (види програмски дел – Социјална поткрепа)
  • Економската политика која ќе обезбедува целосна продуктивна вработеност користејќи го целиот домашен и иселенички Македонски работен и креативен потенцијал (види програмски дел – Економски Насоки и Цели)

Вашите предлози за Програмската Целина – Државна администрација може да ги оставите во коментари подолу, на емаил адресата contact@rodina.org.mk или активно да се вклучите во Родина.