You are currently viewing АМНЕСТИЈА НА ЗЛОСТОРСТВАТА

Марионетската Влада на Република Северна, на денешната седница го разгледа и усвои текстот на Предлогот за пристапување со насоки за измена и дополнување на Уставот и одлучи документот да биде доставен до Собранието на Република Северна. Нивната зададена Агенда поради која се донесени на власт е целосно обезличување на државата во сите нејзини сегменти, а пред сѐ уништување на стожерот на државноста, македонскиот народ, така што овој потег е повеќе од очекуван.

Емисарите кои како гладни кучиња кои се редат пред касапница, со децении наназад, пред периодот на реализација на нивниот зацртан план, со флоскулата, „Направете го уште ова и сите патишта кон убав, богат, лагоден живот ви се отворени“, не изостанаа и овој пат! Дури ветија и дека повеќе никој ништо нема да бара од нас само и само да се реализираат уставните измени!

Зарем ние не го видовме протоколот потпишан од двете влади со невидени уцени и омаловажувања на македонскиот народ и држава? Зарем не ни е познат злобниот уценувачки карактер и начин на функционирање на бугарската држава и државници?

Се поставува прашањето: „Зошто им е толку битно на евроатлантските партнери Бугарите да влезат во Уставот?“ Нивната бројна застапеност во државава е минорна, занемарлива и неприфатливо е тоа да биде услов за старт на и онака извиканите преговори, односно почеток на преговори за влез во ЕУ, особено што народот беше јасен на Референдумот: кажа НЕ за ЕУ.

Дали сето ова е всушност и предизборна кампања за следните парламентарни избори? Едните инсистираат дека мораме и немаме друга иднина, а другите не го порекнуваат второво, но не требало сега и на ваков начин!

А кога „господа“? И на кој начин? Зошто никој не ја следи волјата на народот? Зошто никој не ги следи случувањата во светот? Како можеме нон-стоп да вергламе дека изборот е еден, кога не е? Зошто сите понижувања и прифаќање на несвојствени за нас планови и агенди? Зошто?

Дали доколку се изгласаат уставните промени ќе треба да рушиме споменици кои нема да бидат одобрени од Бугарија? Дали ќе бидат предвидени казни затвор за „говор на омраза против Бугари“? Дали учебниците ќе треба да ни бидат одобрени од Бугарија? Дали ќе има забрана за книги, филмови, списанија кои нема да бидат одобрени од Бугарија?

Ние од Родина Македонија цврсто стоиме на ставот против влез на Бугарите во Уставот, кој веќе претрпе толку измени, прекројувања, бришења, додавања, така што изгубена е смислата и значењето на оформувањето на македонската држава, како суверена земја, особено што агендата на нивната безалтернативна евроатлантска определба нѐ води во граѓанско општество и сосема непотребно е набројување на народи, а посебно што сите останати се опфатени со зборот „други“. Секој кој малку знае да чита и да го толкува значењето на Преамбулата во која покрај, македонскиот народ се набројани делови на народи, односно народи кои, ПОТЕНЦИРАМЕ „…преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите претци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Македонија … “, сфаќа дека станува збор за народи чии претци ја создале и се жртвувале за оваа држава!

СО ВЛЕЗОТ НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ ВО ЦЕЛОСТ СЕ РУШИ БАЗАТА НА АСНОМСКА МАКЕДОНИЈА ОФОРМЕНА ПРЕКУ АНТИФАШИСТИЧКАТА БОРБА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗАТОА ШТО И БУГАРСКИТЕ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОРИ СТАНУВААТ ДЕЛ ОД СОЗДАВАЊЕТО НА ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА, А СО ТОА ГИ АМНЕСТИРАМЕ ОД ЗЛОСТОРСТВАТА, ПРИФАЌАМЕ ЗАЕДНИЧКА ИСТОРИЈА И ИМ СЕ ПОТЧИНУВАМЕ!

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Пополнете пристапница