„Ајрото“ на Заев и Шилегов во „Ајродром“, но и насекаде во Скопје и Република Македонија, станува се поотровно!
Станува се поопасно живеењето во Република Македонија, поради се понеспособните Влади кои по системот на негативна селекција се бираат од надвор, односно се црпнуваат од земја.
СДС за ДПНЕ ќе местеше семафор за криминалот од 500 милиони евра годишно, но и ДПНЕ го обвинуваше СДС за отприлика истата сума. Ако на ова ги додадеме и странските рекетари кои годишно извлекуваат од македонското општество исто толкави суми, ќе дојдеме до неверојатни за Македонија, една милијарди евра годишно, КРИМИНАЛ.
Токму немањето на овие една милијарда евра годишно, но и немање на систем на вредности, стручност, знаење, ги елиминира сите посуштински инвестиции и проекти во Република Македонија во делот на екологијата, енергетиката, јавниот транспорт, зелени кредити за домаќинства, подигање на еколошките стандарди, долгорочни планирања, урбанизам итн…
Да го спомнеме и учевството на петата колона во шарената револуција за рушенето на јужниот ток на гасот од Русија, инаку енергенс кој како еколошко гориво е незаменлив до 2050 година.
Јасен ни е одговорот на пропаднатата комуњарска секта лево и десно, со кои пораснавме како деца на стечајци, како они веќе имаат мерки кои ќе дадат резултати во иднина и како петолетката само што не почнала.