Родина Македонија повикува и на спонтано и на организирано спротивставување на сите недоследности на ‘‘власта‘‘ кои се алатка за тотално уништување на Македонија! Враќање на достоинството на Македонците!
Ако пред една седмица секојдневно бевме бомбардирани од налудничавите изјави на ‘‘премиерот‘‘, за вртоглаво растечката бројка на прием на бегалци од Авганистан .
Денес на големо се расправа, во кои хотели и хотелски комплекси ќе бидат сместени, господата Авганистанци!
Имено, хуманизамот и добре дојдето, кон тие, кои не се Македонци во северџанија е воспоставено секојдневие од политиката, владеењето, се‘ до обичниот живот!
Од ‘‘доброволниот прием ‘‘ на 180 бегалци, мажи, жени, деца кои наводно биле дел од хуманитарните организции за човекови права, новинари, цифрата растеше како на берза, на која акциите вртоглаво растат, 380, 600, 1800, зошто да не, ние сме луѓе со широко срце, така рече ‘‘премиерот‘‘, кому ни око не му трепна во обезличувањето на Македонскиот народ!
Дојденците биле луѓе од доверба, образовани, имале систем да ги проверат! ? Кои се тие ‘‘стручни служби‘‘ кои од око проверуваат, а од друга страна лидери од ковот на Путин и Орбан, велат, Со бегалците има можност да се инфилтрираат и терористи! Очигледно малку ни се тие кои се вратија и широкоградо ги примија од боиштата во Сирија!?
Ветувањата кон авганистанските бегалци се запрепастувачко широкогради, од ослободување од трошок за влезни визи, сместување во хотели, мотели, одморалишта, бесплатни прегледи, вакцини, лекување, за да дијапазонот на погодности оди и до обезбедување на услови за нивно трајно населување, работа, стан, државјанство! Гласачи!?
Така треба!? Тие на работа или плата без работа, а нашите деца уличари или р‘мбачи по странство!
Одлично и онака добивање на државјанство, според новиот закон со боцнатото ЕУ знаменце, е најлиберален те најидиотски на планетава Земја!
Што е запрепастувачки срамно во цела оваа хаварија, хотелиерите тријат раце и гледаат заработка во оваа крајно неприфатлива состојба, која целата неколку годишна нестабилност на државата ја ставаат во крајно загрижувачка состојба.
Претседателот на хотелската асоциација, вели дека повеќе од половина на хотелите од охридско-струшката ривиера е подготвена за прием на бегалците!
Секако, Бегалците нема да ги затвориме во хотелите, тие слободно ќе се движат, во населените места, изјави ‘‘премиерот‘‘.
Да така треба!
Тие нека се шеткаат каде сакаат, а нас МАКЕДОНЦИТЕ ЗАТВОРЕТЕ НЕ, УДРИТЕ СО РЕСТРИКЦИИ И ЗАКАНИ ПО НАС!
Интересно е да се напомене коментарот на хрватскиот претседател, во врска со прием на бегалците од Авганистан, Еве, вели, во име на хуманоста би примиле мал број на бегалци, можеби 20. Болно, но реално до коска!
Од друга страна богатата ЕУ најавува дека нема никаков интерес за прием на бегалци, освен некои изјави за прием на цифра од 7, 18, 25, 40 но никој не спомна бројка поголема од 50 бегалци! Секако ЕУ се изгоре од бегалската криза од 2015година, сега дува и на кисело млеко.
Сега Македонија е на ред да се попари!
Зарем немаме искуство со бегалска криза од 1999 година, кога нагрнаа 350 000 косовари! Што добивме ние од таа криза!?
Со кој образ не критикува еден дежурен аналитичар од тн албански корпус, кој вели, Македонците беа нетрпеливи и со негативен став и кон бегалците од Косово. Молиме, нека ни објасни зошто илјадници косовари останаа тука во Македонија, но и Косово, плус, гратис ни ги остави комплет сите косовски Роми, неколку илјади! Нека ни објасни, зошто тие бегалци косовски Роми, Косово транспарентно одбива да си ги прими назад! Што е Македонија регион за непосакуваните од Косово, од Светот!?
За жал Р. Македонија (северџанија) е потписник на Компакт договорот од Маракеш за слободна миграција на светското население, од декември 2018 година. Договор кој без најава и јавни обави и дебати е потпишан во ОН. Но тоа не значи налудничаво да се инсистира, те моли за прием на мигранти! Или изродите предавнички, МОРААТ ДА ОДРАБОТАТ!?
Кога велите владее пандемија на Ковид 19 и активни се рестриктивни мерки во повеќе области, колку е паметно да бидеме маша на САД и НАТО за перење на нивните гревови!?
Родина Македонија е единствена политичка партија која јавно го обзнани овој договор од Маракеш, кој ‘‘власта‘‘ никаде не го споменува!
Родина Македонија искрено соочувствува со несреќата на Авганистанскиот народ и поддржува хуманитарна помош во финансии и продукти, но не и на прием на бегалци, со оглед на крајно тешката и нестабилна состојба во државата!
Гласно размислуваме, Дали воопшто е нормално, кога ни една соседна и европска држава (освен Албанија и Косово, да размислиме ли зошто) одбива прием на бегалци од Авганистан, а северџанија шири раце и ги повикува!?
Родина Македонија повикува и на спонтано и на организирано спротивставување на сите недоследности на ‘‘власта‘‘ кои се алатка за тотално уништување на Македонија! Враќање на достоинството на Македонците!
Станете активист, поддржувач на Родина Македонија!