You are currently viewing ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА „Същият народ в две држави“???

Колумна: Томче Ширков, член на Претседателството на Родина Македонија

Никола Киров Мајски (Крушево, 28 јуни 1880 – Софија, 2 август 1962) — македонски револуционер, идеолог и писател. Автор е на Крушевскиот манифест и поборник за декларацијата за македонска нација.

Овој титан и апостол на македонската револуционерна борба, просветител и идеолог на македонската нација, неправедно и нелогично е ставен на маргините на македонштината, точно тоа е причината што многумина, ден денес незнаат ништо за неговиот живот и дело. Во контекст на проблемите со соседна Бугарија и во актуелноста на уште едно последователно велепредавство на „нашите“ власти накратко ќе се обидеме да извршиме рекапитулација и актуелизација на неговиот живот и дело во насока на ВИСТИНИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА.

Никола Киров Мајски како братучед и најблизок соработник на Никола Карев, но и како автор на Крушевскиот (Републикански) Манифест се залагал за истакнување на посебноста на македонскиот народ, но истовремено и за формирање македонска нација од сите народи и народности кои живеат во Македонија.

Тој му рекол на Карев : „И’така сме ја клале главата во торба и сме решиле да создадеме независна република, нели е најарно на ист напор и во исто време, да прогласиме и македонска нација од луѓево кои живееме овде со векови? Родовите и етничките поделби се разорот, алатката со кои поробителите не владеат со векови?! Ако успееме да ја заживееме македонската нација, таа ќе биде признаена од сите прогресивни сили во светот. Но истовремено секогаш и секаде да ја истакнуваме самобитноста и посебноста на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД како стожер-носител на слободна и независна македонска држава. Нацијата е иднината на Европа, доста е со племенски поделби“

Иако, начелно овие негови возвишени идеи биле прифатени од Карев и поддржани од Делчев, официјално и формално не била покрената иницијатива за прогласување на македонска нација, декларацијата била спремна и напишана (се чувала во ракопис). Бидејќи оваа негова идеја не заживеала, а по неуспехот на Илинденското востание изгинале скоро сите негови истомисленици, тој решил да се приклучи кон руската емиграција. Блиско комуницирал со Крсто Мисирков и Павел Шатев, но останал и во контакт со ВМРО на Александров. Во 1912г. за време на ултиматумот што сојузот на балканските држави го доставил до Османлиската империја, Мајски направил обид за формирање интелектуален кружок кој би ја подржал борбата на ВМРО за “Независна Македонија“ но со акцент на зачувување на македонскиот народ и изградба на македонска нација. Имало повеќе предлози за име на кружокот : Слободна Македонија, Опстој, Республика..Но победил предлогот МАКЕДОНЕЦОТ. За жал овој кружок бил потиснуван и оневозможуван од врховистичките власти во Бугарија, но и од врховистичките струи во ВМРО. Така што формално-правно никогаш не заживеал. Кон крајот на балканските војни, заедно со група интелектуалци, преминал кон федералистите и го уредувал органот на Организацијата „Автономна Македонија“ во која дал низа свои видувања и прилози за посебноста на македонскиот народ и неопходноста од македонска нација за траен мир на Балканите.

Можеби најважно дело, во кое сакал да ја долови важноста за опстојбата на Македонија и Македонците низ поезија; Но и да допре до обичните луѓе, била стихозбирката “За Македонија”.
По предавањето на стихозбирката „За Македонија“ на ЦК на ВМРО, побарал од : Тодор Александров, Георги Баждаров, Јордан Бадев да ја прегледат и да се изјаснат дали таа може да биде печатена со пари на ВМРО и дали се сложуваат со предговорот на книгата во која имало делови од резолуцијата за заштита на посебноста на Македонскиот народ?!

Тодор Александров не му одговорил писмено, а го повикал на средба, каде усмено му рекол : “Овие твои јалови обиди со глава да срушиш ѕид, ќе не чинат глава и тебе и мене!“
Но затоа Јордан Бадев ќе му одговори писмено, но и официјално преку архивата на ЦК на ВМРО со зборовите:

„Порано јас имав или сакав да имам добро мислење за тебе но ти даваш докази дека сакаш да се надраснеш себеси… Си застанал да пишуваш стихови на македонски јазик, каков што официјално не постои, и каков што никогаш нема да постои. Зашто не постои македонска нација, а има само бугарска нација од двете страни на границата. Се повеќе наши членови се декларираат за македонски Бугари кои се неразделен дел од нашава нација. Тие земаат бугарски документи и се бугарски граждани. А сите Бугари говорат на еден јазик-бугарскиот! Тоа го прифати цела Европа, а чинам и „твоите“ во Русија. Да се тврди спротивното во вакви услови е безумство! А да се работи за заживувањето на македонска нација, противно на сите велики сили- тоа е злосторство и предавство.“

Огорчен и предаден од своите соборци тој ќе се повика на декларацијата кога ја напишал пред балканските војни, а која била еден вид визионерско предвидување за настаните кои следат. Јавно ја објавил и ја насловил со наслов : „ Се беше јасно од поодамна“

„Кој ѓавол ве принудил да се договарате со соседите и да упатувате ултиматуми за нас, без наше знаење и желба. Зошто Бугарија не го стори тоа во времето кога ние бевме една моќна сила, кога ВМРО се почитуваше еднакво и од Турција, и од балканските држави…? Зошто не влезе во договорни односи со Србија и Грција за заемно откажување од завојувачката политика и не побара интервенција од големите сили за правилно разрешување на македонското прашање, а не за поделба на Македонија и затворање на МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ? Зошто ако сме ЕДЕН И ИСТ народ од двете страни на границата? Какви ли расходи ќе платиме ние Македонците наспроти илуминациите на балканските држави во случај ако Турција го отфрли ултиматумот и се разгори уште една војна? Каков ли грозен можеби уште погрозен и пострашен ропски јарем од досегашниот, ќе ни наврте на вратот завојувачката политика на непријателите на “Независна Македонија“.
БИДЕТЕ ПРОКЛЕТИ, О, БРАЌА-НЕБРАЌА.

Никола Киров Мајски оставил доста историски и идеолошки трудови, како:

„Со поглед кон Македонија“
„Епопејата на Крушево“
„Светлина кон темнината“ и  десетина други.

„Крушево и неговите борби за слобода“ се смета за негово врвно дело, есенција на идејата за револуционерната борба на Македонците за македонска држава и нација.

Познат е и како драмски писател и поет.

СЛАВА МУ!

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ.

Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија https://t.me/rodina_makedonija

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!