Родина Македонија, е згрозена од фарсата, наречена формирање нова власт во северната не‘постојбина. Сведоци сме на задкулисните игри на Калето, притисоците и уцените во кои се инсистира на превземање на надвладување на голем број на министерски места, јавни установи, државни ресурси на моќта од страна на дуи. Почесто се промовира (на некој начин и е заживеана) од почеток тивко, но сега отворено се инсистира на тн консензуална демоНкратија, односно владење.
Ако некој се запраша што е тоа консензуална демократија, одговорот би бил, консензусот е групна одлука за која некои од членовите што ја донеле можат да сметаат дека не е најдобра, но со која сите можат да живеат, да ја поддржат и да се обврзат дека нема да ја поткопуваат.
Но нагласуваме, за жал, се наоѓаме во постсостојба кога ние Македонскиот народ , без наш консензус, согласност, изгубивме СЕ‘ од името до идентитет, насилно !

Укажуваме дека, во нашиов случај тоа е невозможен систем кој од едната страна има радикален фронт (дуи, беса, дпа), а од другата страна предавничка булумента (сдш), со однапред дигнати раце и смкнати гаќи! Консензус, во најрадикален смисол, кај нас очекувано и апсолвирано, е нешто што самото по себе носи можност за употреба на ‘вето‘ односно владење на ‘сила‘, блокади, уцени, уцени со војна.

Тотална дисфункција на власта со една и единствена цел воведување на нов општевствен државен поредок, дводомен парламентарен систем, прераспределба на територии, те кантонизација, федерализација или сл. (Официјален консензуален систем на владеење, во наша Балканска реалност, има во Босна и Херцеговина, во која и после воспоставените два ентитета, таа е целосно нефункционална држава)
((( Се поставува логично прашање, зошто би им служела федерализација, кога со оваков консензуален систем, ја владеат цела северџганија)))

Не случајно бевме опоменати од германскиот Франкфуртер алгемајне цајтунг, во кој излезе коментар под наслов‘‘Мултиетнички грабеж‘‘. Коментарот ги анализира постизборните случувања во Македонија со заклучок дека највпечатлив резултат од коалициските преговори за состав на влада е ‘‘за прв пат во историјата, државата треба да добие премиер Албанец,(односно, актуелно извесно, доби прв вице премиер албанец, како и да е!).“
Коментарот понатаму укажува дека “…во Македонија се случува разградување на државноста во која секој глас вреди еднакво, во една етничка пропорционално-консензуална демократија, во која повеќе не е најважно што ќе биде кажано, туку кој го кажува тоа и какво етничко потекло има оној што зборува. Во принцип тоа и не е нешто фундаментално ново за Македонија, но станува се‘ поиздиференцирано и достигнува нови застрашувачки размери.“
Коментарот во Франкфуртер алгемајне цајтунг финишира со констатацијата, дека “моделот на поделба на власта во Македонија потсетува на Либан, со надеж дека ‘успехот‘ нема да биде ист како и таму!“

Затоа ОПОМЕНУВАМЕ И УКАЖУВАМЕ! Консензуалното владеење, веќе на накој начин е воспоставен систем, но основната цел, која наместо да го заштити малцинството од мнозинството, на невиден перфиден начин предизвика СЕРИОЗНА ТИРАНИЈА НА МАЛЦИНСТВОТО НАД МНОЗИНСТВОТО, ОДНОСНО РЕАЛЕН АПАРТХЕЈД!!!

Родина Македонија, со презир го отфрла така нареченото ‘општевство за сите‘ и недоследното наметнато консензуално владеење!
Родина Македонија во својата програма се заложува за право и правда на Македонскиот народ и лојалните малцинства, враќање на изгубените права и достоинството на Македонскиот народ во сопствената татковина, соседството, дијаспората!

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://rodina.org.mk/pristapnica/