• Post category:Колумна

Подготвено од  Елизабета Чингарова Матевска, по повод 148 год од раѓањто на Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев (Кукуш4 февруари 1872 – Баница4 мај 1903) — македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организацијаапостолот и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално-ослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век

Свештеник не ја бакнува иконата на Христос кога проповеда со таква топлина и воодушевување, како што Гоце ја бакнуваше својата кама, пред да ја стави во нејзината футрола. Камата, неговиот (Гоцевиот б.н) најсилен инструмент, беше моќно средство за изразување на самоувереноста и терористичката дејност на Организацијата, затоа што со неа можеше да се користи само човек со полна самоувереност. Камата одигра крупна улога во животот на Организацијата во прво време, а пушката подоцна. Гоце ја опеваше камата како оружје на теророт во Организацијата и дејствуваше со неа како агитатор. Камата како најсигурен инструмент на двојна смрт (убиство и евентуално самоубиство) дејствуваше без грешка и како симбол на самоувереност беше предодредена да игра и воспитна улога за создавање дух на самоувереност и саможртва кај работниците. Затоа Делчев ја засака, ја избра и ја претпочиташе пред револверот.

C:\Users\Ps\Desktop\kamata.jpg

БЕСЕДА ЗА ГОЦЕ  

Од  Ѓорче Петров 

Со кама стисната силно во раката како во екстаза, со движења кои ги правеше пред другарите, без некому лично да му се обраќа со зборови за восхит, просто ја опеваше камата како симбол на некаков култ. Секој кој што го слушаше или гледаше во таква положба, се заразуваше од неговите движења и зборови.  Свштеник не ја бакнува иконата на Христос кога проповеда со таква топлина и воодушевување, како што Гоце ја бакнуваше својата кама, пред да ја стави во футролата. Гоце и самиот јунак, имаше слабост кон индивидуалните појави на самостојност, а со својот пример има крупни заслуги за Организацијата. При создавањето кадри од такви поединци, неговата заслуга за Организацијата беше огромна. Во тој однос тој беше незаменлив. Неговото влијание во тој однос врз работниците го одразуваше духот  и внатрешната сила на самиот автор. Гоце, самоуверен во исполнувањето на својот долг, имаше огромно влијание. Гоце беше почитувач на личното јунаштво, зошто и тој самиот беше таков и тоа го докажуваше со жив пример. Тој не запираше пред вистинската смрт, кога би можела да се избегне. Никој никаде не забележал кај него белези на страв или збрканост во случај на средба со вооружени потери или кога му јавуваа дека претстои некаква опасност. Презирањето на смртта кај него беше природно и неизвештачено, тоа се примаше како едно душевно чувство што беше неразделно од неговата природа. Ваквото влијание на тој правец беше огромно и многу значајно кога ги правеше многубројните посети на четите. Делчев секогаш ја ставаше на чело единката која имаше колективна целина. Една од неговите основни задачи во неговите агитации беше да создаде такви типови кои ќе го подигнат духот на луѓето за поединечна работа и борба, за лична иницијатива. Тој работеше и создаваше индивидуални сили, кои се вткајуваа во организацискиот морал и создавање кадри од таквите сили, кои ќе бидат можен придвижувач  на делото. Камата, неговиот најсилен инструмент, беше моќно средство за изразување на самоувереноста и терористичката дејност на Организацијата, затоа што со неа можеше да се користи само човек со полна самоувереност.

Камата одигра крупна улога во животот на Организацијата во прво време, а пушката подоцна. Гоце ја опеваше камата како оружје на теророт во Огранизацијата и дејствувше во неа како агитатор. Камата како најсигурен инструмент на двојна смрт (убиство и евентуално самоубиство) дејствуваше без грешка и како симбол на самоувереност беше предодредена да игра и воспитна улога за создавање кај работниците дух на самоувереност и саможртва, затоа Делчев ја засака, ја избра и ја претпочиташе пред револверот.