You are currently viewing ГИМНАЗИЈАТА ОРЦЕ НИКОЛОВ LGTBQ+ „ФРЕНДЛИ“, ОДНОСНО ПРИЈАТЕЛСКО!

До нас пристигнаа реакции од деца кои ни укажаа дека се појавил знакот на LGTBQ+ групацијата на официјалната гугл страна на гимназијата „Орце Николов“ во Скопје.

И навистина под официјалните податоци за училиштето, стои токму тој знак.

Доколку тоа е така, тоа е срамно во училиште кое носи име на народен херој да се промовираат овакви идеологии, кои се туѓи за македонскиот народ и народностите кои живеат во Република Македонија.

Што означува LGTBQ+?

Акроним што се користи за опишување на лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови, квир или испитувачки лица или заедница и обично тука нема крај во тие сексуални комбинации, кои на крајот го носат знакот „+“. 

Во нашето општество одамна постои љубов помеѓу маж и маж и жена и жена, ако сакаат на тоа да стават акцент. Тоа е таа возвишена љубов, кое се нарекува побратимство и посестринство, највисок чин на заедништво на луѓе кои не се крвно сврзани. Сексуалниот момент во нашата македонска цивилизација никогаш не бил предмет на глорификација и истакнување. 

Форсирање и пратење на неолибералните идеологии кои го разоруваат традиционалното македонско семејство, природните односи во него, ќе доведе до потполно уништување на нашето општество.

Ние ги почитуваме индивидуалните избори, но сме целосно против индоктринација на нашите деца со идеологии кои комплетно ја нарушуваат вистинската природа на човекот и нанесуваат голема штета по здравата психа на нашите деца.

Би сакале да ја прашаме директорката на гимнзаијата „Орце Николов“, дали во таа гимназија се промовира LGTBQ+ и дали се известени родителите и децата за тоа? 

Што означува LGTBQ+ пријателско?


Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Пополнете пристапница