На 15 октомври, Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија донесе одлука Албанија да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, со отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Основи вредности“, потврдија од унгарското претседателство со Советот на ЕУ.
Како што може да приметите, Македонија повторно не доби датум за преговори со ЕУ.
Иако Македонија промени име, знаме, внесе терористи во влада, за да влезе во ЕУ-топискиот рај на морално декадентната и во изумирање Европска унија.
Родина Македонија ја повикува Владата на ВМРО-ДПМНЕ под итно да се повлече од преспанскиот договор и да го врати името на нашата света земја Македонија,а воедно да поведе и судски процеси за велепредавство и уривање на уставниот поредок на Република Македонија.
Станувате соучесници во ова велепредавство!
Светот е веќе мултиполарен, народите веќе тргуваат со своите локални валути и добра, создаваат нови сојузи и меѓународни организации, со единствена цел да се ослободат од колонијалните стеги на западната „цивилизација“.
Време е Македонија и Македонците да се вратат на патот на вистината, на вредносниот систем на нашите предци, за сигурна иднина на нашите потомци и здрав живот за нас самите. Родина Македонија останува посветена на таа идеjа од почетокот до исконот.
Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина
Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!