Во Слупчане, на територијата на Република Македонија, се подигна уште еден споменик на терористичката УЧК, „државотворна“, како што вели Алија Ахмети.
Како успеа една терористичка организација да стане државотворен елемент?
Ако ја погледнеме сценографијата на УЧК од првиот ден, со знамињата на САД, НАТО и ЕУ, логистиката која ја добиваше од западните земји, од Косово менаџирано од западните сили, но и во тоа време многу активната германска тајна служба БНД во западна Македонија, „заборавените“ Хашки случаи, ни го дава менаџерот на тој процес.
Истиот тој западен елемент е соработник на многу терористички организации во светот кои ги користи за уривање на суверенитетот на државите, од СР Југославија, па преку Ирак, Либија, Сирија, Македонија, денес Украина….
Дали Фактчекерите, Сорос Отворено Општество, Хелсиншки комитети и други шарени кондом револуцинери ќе го офарбаат споменикот на УЧК?
Тука не може а да не ги споменеме и главните две политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои немајќи го државниот капацитет и тонејќи во криминал, како клин им се заби терористичка организација, секако ударана од чеканот на западната меѓународна заедница.
Резултатот е тој, урната АСНОМска Македонија, на терен УЧК ја удира и етничката граница со криминалните пари на албанската мафија со купување на земја и инвестирање на иселениците во места каде треба да се добие мнозинство, исламските фондови, а веќе во системот и уфрлање на државјнаства, лажирање на пописи, итн….
Дојдено е време да направиме радикална промена на македонската политичка сцена со влез на нови партии и организации кои од крајно лево, преку центарот, до крајно десно ќе ја вратат АСНОМска Македонија, но и обединето ќе ги бранат македонските црвени линии, по секоја цена!
Доколку и понатаму како народ живееме во привидот на крајно крминализираните ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои се седнати во скутот на западната меѓународна заедница која ги држи во заложништво со нивните криминали, ќе доживуваме секојдневни понижувања од умно пореметени лидери со дијагноза и крвави раце македонска крв, како и западни дегенерирани претставници кои секојдневно се изживуваат врз македонската судбина.
Срамот кој секојдневно го трпи македонскиот народ, но и распаѓањето на нашата единствена татковина е историскиот момент, да се умре како најсрамна генерација Македонци или да се создаде отпор и организации на милениумскиот наш свет идеал за суверена Македонија.
Ние сме посветени токму на тој идеал.
Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“