Често слушаме, го допревме дното!
Со оваа однадвор инсталирана влада, гледаме дека дното може да се копа, да се оди многу длабоко под него и да се стигне до пеколот, кој се повеќе народ го чувствува.
А ДАЛИ НЕ СМЕ И ВО САМИОТ ПЕКОЛ кога Артан Груби, кој ги води седниците на оваа таканаречена влада, првиот вице премиер, бил САМО преведувач во Жолтата куќа! Тој истиот Артан, миленик на амбасадорската булумента, уличарски насилник, тепач со камења на македонските млади, кој како чакал ги таманеше своите жртви на очиглед на полицијата!
Тоа е таа куќа во која се вадеа органи на живо за богатите нарачатели. Куќа за која знаеа сите, а се правеа глуви и слепи, а зошто, останува на нивната совест. Во тој грозоморен бизнис беа вклучени и високи претставници на западната меѓународна заедница. Како во минатото, така и денес, кога се работи за народи, според нив, од 3 ред, како што се народите од Балканот, претставниците на западната меѓународна заедница и нивните извршители имаат лиценца за убивање без одговорност.
Како би одело преведувањето на Артан Груби во жолтата куќа?
Ne do të heqim veshkën tuaj pa anestezi, për shkak të çmimit!
Ние ќе ти го извадиме бубрегот без анестезија, поради цената !
Не, не, немојте.
Po, po, po…
Срамно е што и Али Ахмети, терорист на ОНА, од ова прави политичка игра, па за својот сопартиец вели, само преведувал. А всушност дава потврда во соучесништвото во таа грозоморна работа. Оваква грозоморна игра на зборови пред целата јавност, може да се случува само во тешко болно општество, влада, со преседател на влада кој крвниците на УЧК ги носи во својот дом кај своите деца, Собрание, суд, обвинителство, позиција, опозиција, ОБСЕ, ЕУ, Отворено општество, хелсиншки, западни амбасадори….
Зоран Заев, производ на истата западна меѓународна, ни понуди и друго решение на оваквата состојба, релаксирачко.
Да се надуваме со марихуана произведена на неговите плантажи и замислиме дека сме Амстердам, па Жолтата куќа ни се пристори како некој бордел и да продолжиме понатаму, да си го ископаме сопстениот пекол, надувани до даска и сите изгориме комплетно во пеколниот пламен!
Родина Македонија ќе продолжи да нуди здрав концепт на реорганизирање на ова општество со природни вредносни системи, каде законот е над секого, а општеството го водат најдобрите претставници на народот, целосна спротивност на се ова што ни се случува денес и во минатото, со децении, векови.