You are currently viewing ЗАГАДУВАЊЕТО И ЗДРАВЈЕТО НА НАЦИЈАТА!

Вчера Тетово беше најзагаден град во светот, по незнаме кој пат. Град со неполни сто илјади жители, неспоредливо помалку од милионските мегаполиси во светот, под падините на прекрасната Шар планина, го дише најзагадениот воздух. Каква апсурдна состојба, опасна по живот!

Во слична состојба се и останатите градови во Република Македонија!

Македонија, земја на сонцето, со 340 сончеви денови, со 2 милиони жители, уште ги сече шумите и се грее на дрва, во 21-от век.

Безидејноста на политичките гарнитури, корупцијата, како и најголемиот дострел на владеењето на градночалниците, цртање на маркици и зголемување на катноста, ги претворија градовите во урбани депонии и хаос, платен со здравјето на луѓето.

Лицемерието за некаква загриженост на кризни штабови, влада, позиција и опозиција е ефтин театар, за да продолжи грабежот на 650 милиони евра народни пари, секоја година.

Бизнисот со опасен канцероген отпад од Европа, продолжува непречено да функционира. 

Еколошките стандарди за високите оџаци на странските инвеститори на нашите ограбени фабрики, кои требаше да донесат мед и млеко, не постојат. Тие се тука исклучиво за профит, да го согорат целиот отпад на овој свет.

Потребен е целосно нов пристап кон проблемите, со наука, стратегија, знаење, стручност која не извира од купени дипломи и која не служи на корпорациските интереси за профит.

Новиот пристап, новиот начин на решавање на проблемите, надвор од театарот на сдс и дпне, е нужна потреба и Родина Македонија е посветена на тој пат.