You are currently viewing КАКОВ Е ТОЈ РЕФЕРЕНДУМ ШТО ИСХОДОТ НЕ БИЛ ВАЖЕН?
  • Post category:Колумна

КОЛУМНА: ВИОЛЕТА ПЕТКОВСКА, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Пази ова.. РЕФЕРЕНДУМ мора да се спроведе, без разлика на исходот!… Хммм!!

Демек и да биде позитивен за нас или негативен, предавниците ќе ги тераат намерите за измени на Уставот за да бидат вметнати Бугарите во Уставот!

Немате толку народ во државата за да очекувате позитивен исход, не постојат и покрај нашата силна волја да излеземе и да ги надгласаме предавниците, нема толку, се иселува народот за да избега од ропство и неправди!

Еднаш се изјаснивме 2018 дека не прифаќаме промена на име како уцена за влез во ЕУ и НАТО, зошто сега да ја расипеме важноста на тој свет документ и волјата на Македонците со нов референдум за кој нема толку гласачко тело, едноставно нема, разбирате ли?!

Мене ова ми личи дека Мицковски по не знам кој пат со потегов само ја спасува СДФ од паѓање, бидејки временски ќе оди споро собирањето на потписите, па, додека се стави предлогот на дневен ред за седница во Собрание, па, додека ја проверуваат валидноста на потписите, па додека се распише датумот….итн!

Иии… Ќе стасаат малку време пред редовни избори да го спроведат референдумот!

И кое е фајдето тогаш од референдумот?!

Нели немаат пари, нели сметката е “замрзната” итн! Зошто арчови, зошто драми и неизвесен исход, зошто трошење време во празно?

Зошто не машка борба во арената со “пеликаните”, зошто не нарушување на текот за нормална работа во Собранието, со отсуства, со расправии требало-не требало, правење тензична и тензична состојба, со галамење, со нарушување на мирот, а ако треба и со физичка пресметка, дозволено ви е, гаѓајте ги со топови хартија, со кондури, прскајте ги со вода.!!

Има многу начини со кои ќе ја нарушувате нормалната работа во Собранието и со тоа ќе создадете политичка криза која ќе мора да се реши!

А, како??

Нормалноо, многу нормално и едноставно ќе се реши, ќе мораат, не дали сакаат да распишат предвремени избори, туку ќе мораат и ќе трае пократко таа процедура од подготовки за референдум (погоре наброив кои)!

Ем пари ќе има од државата за избори, ем ќе има кампања, да ни кажат, зошто да му дадеме глас на Мицковски за да ја води државата!

Од каде 900.001 или 50% +1 гласач кога на списокот на последните избори имало излезност од само 750.000 гласачи, ќе увезете ли марсовци да гласаат до потребниот процент за да биде позитивен исходот за Македонците?!

Зошто никогаш не ја слушаш, бре, Мицковски волјата на народот, зошто?!

Зошто не делиш на ЗА и ПРОТИВ референдумот и правиш раздор помеѓу нас малкуте Македонци патриоти кои останавме во државава?!

Зошто се криеш позади народот и ако нема посакуван исход ние да бидеме кривите како и многу пати до сега што се случи!

Или бегаш од борба, или носиш глупави одлуки, или имаш убиствени ставови!

Како може вината да биде од мнозинството народ, а ти само еден секогаш во право.?!

Како може сите ние да не чиниме, а ти секогаш да си финиот!

Не оди таа работа така, нее, до тебе е “даскале”, не е до народот.. Немаш дела, немаш херојства, немаш никогаш јасни ставови и исправни одлуки кои ќе и служат на државата и на народот!

Како ставот да застанеш на страната на Зеленски заедно со Таче слугата белосветска, не се срамиш ли од тој еден од многуте глупави твои ставови и одлуки кои ја однесоа Македонија на списокот на непријатекските држави за Русија!

Лицемерен глумец си сите овие 5 години и затоа не си му авторитет на мнозинскиот македонски народ кој и покрај се ти дава поддршка да ја слободиш државата од геноцидната власт и од ропството на албанскиот апархејд!

Од тука се повлекува и едно многу клучно прашање за кое до ден денешен ти немаш јасен став, а за кој ние жолчно бараме и очекуваме да се изјасниш еднаш и засекогаш!

Дали ќе го вратиш името на државата?

И зошто не собираше потписи за референдум против “Преспанскиот договор” вака одлучно како сега против бугарско-францускиот предлог-договор?!

А “Тиранската платформа” никогаш ниту ја спомнуваш, пописот не, “Преспанскиот” и “Бугарскиот” изјавуваше ќе си ги подобрувал, а не изјава со одлучност дека ќе ги поништиш целосно!

Каде исчезна стравот од можноста партијата да го загуби името и можност да ја прогласат за терористичка.. Мижи Асан да ти баам, работава. За едно важи за друго не важи! Чудно, многу чудно!

И да заклучам… Твоето премолчување за “Преспанскиот” и ставовите “Еден е изборот” и” Еу и НАТО се нашиот единствен пат по кој треба да чекориме”… Не доведоа денес до бугарско фашистичко ропство и францускиот предлог кој ти со референдум нема да го решиш, напротив, на мафијашката коалиција само им го продолжуваш векот на траење да извршуваат уште и уште крвави предавства за Македонија и Македонците!

Со предвремени ќе сопрат предавствата, а ќе отпочне ловот на криминалците и предавниците кое мора најитно да се случи, а не “тупење” уште една година до одржување на референдум, до тогаш дали ќе постоиме е прашањето!

П. С. Зошто драмење кај нотар за божемни гаранции дека ќе подлежи на одговорност секој оној пратеник на ВМРО-ДПМНЕ ако гласа за отварење на уставни промени да се вметнат бугарите во Уставот!

А само со еден потег за предвремени избори ќе ни дадеше шанса да ја ослободиме Македонија!