You are currently viewing РЕАКЦИЈА ПО ПОВОД ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ НА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ДЕЦА ВО ГРАДИНКИТЕ

РОДИНА МАКЕДОНИЈА најостро ги осудува мерките донесени од Министерството за здравство да не се примаат дечиња во градинка поради непримена ДТаП вакцина.

Оваа мерка извршува дискриминација според здравствен статус и претставува грубо кршење на правото на родителот да донесе информирана одлука за здравствената заштита на своето дете, односно грубо го прекршува начелото на информирана согласност во медицината, кое е нагласено во член 3 став 2 од Картата на основните права на Европската Унија (2010/C 83/02), кој гласи:

„Во областа на медицината и на биологијата следното МОРА да бидат почитувано, посебно:

а) слободната и информирана согласност на засегнатото лице, според процедури одредени со закон.“

Ова начело е втемелено и во Конвенцијата за заштита на човековите права и достоинството на човечкото суштество во однос на примената на биологијата и медицината – на Советот на Европа, донесена во Овиедо, Шпанија на 4.4.1997 год, а ратификувана во Собранието на Република Македонија и објавена во Службениот весник на РМ бр.55 на 28.04.2009 година, со тоа добивајќи сила на ЗАКОН, и тоа во членовите:

Член 2 – Првенство на човечкото суштество

Интересите и добросостојбата на човечкото суштество ќе преовладуваат во однос на единствениот интерес на општеството или науката

Член 5 – Општо правило

Интервенција во областа на здравството може да се изврши ЕДИНСТВЕНО кога засегнатото лице доброволно ќе се согласи на тоа, врз основа на дадена информација.

Правото на пациентот да одлучува самиот за вакцинација врз доброволна основа е дел од препораката на Светската Здравствена организација во публикацијата „Етички согледувања при акутни хуманитарни итности“ од 2013 година во кој се вели:

„Вакцинацијата треба да е врз доброволна основа, освен доколку не стане критично да се превенира конкретна и сериозна штета.“

Европскиот суд за човекови права во пресудата по делото 42197/98 од Италијанката Иларија Салвети  утврдува:

„Судот смета дека задолжителното вакцинирање како недоброволна медицинска интервенција е во спротивност со правото за почитување за личниот живот како што е загарантирано во член 8 од конвенцијата за човекови права и основни слободи.“

Зошто т.н. техничка влада ги прекршува одредбите од заедниците и организациите чиј член е или претендира да биде?

РОДИНА МАКЕДОНИЈА ја смета оваа мерка како крајно дискриминаторска, која има елементи и на фашизам.

Ја повикуваме техничката влада и сите оние кои предложија и донесоа ваква дискриминаторска и неправедна мерка веднаш да ја повлечат.

Воедно ги повикуваме политичките партии, на кои им е полна устата со ЕУ, а во ЕУ вакцините се препорачани, да застанат во одбрана на основните човекови права, меѓу кои и правото на информирана согласност при медицинска интервенција.

Бог го создал овој свет совршен и човекот налик на него. 

А паднатиот сака на тоа да му додаде несовршена западната природа.