Програмска целина Социјална Поткрепа – Вистинскиот Македонски Пат (Текст + Видео) За Јавна Консултација!

Врска до Програмската Целина Социјална Поткрепа на страницата на Родина Македонија

Од основните програмски цели

  1. Социјална, пензиска заштита за секого, ниеден Македонец и семејство нема да бидат оставени сами на себе. 
  2. Универзален пристап до квалитетна здравствена заштита за секој.

Основна Стратешка Цел

Македонија како социјално праведна држава која во согласност со исконските македонски традиции го негува и подржува заедништвото, помагањето и почитувањето и го гради и подржува социјалното ткиво и социјалната правда како одржливи темели на растот и развојот на македонскиот народ.

Во процесот на исполнување на целта за целосно и креативно ангажирање на целиот македонски човечки потенцијал во реалната економија секој ќе има обезбеден пристап до помош за вработување и финансиски, земјени, стручни и други ресурси за самостојна работа и секој ќе биде подржан во периодите меѓу, до и после работните ангажмани со:

Конкретни социјални мерки во согласност со основните цели:

  1. Даночни олеснувања за семејствата пропорционално со бројот на родени деца.
  2. Породилно отсуство од 12  месеци и бенефициран стаж за мајките со 3 и повеќе деца.
  3. 40 часовна работна недела, недела задолжително неработен ден.
  4. Воведување на сатница, наместо дневница. Се што е над 40 часови неделно, во согласност на вработениот се вреднува 150%.
  5. Воведување на коефициенти на плата за урамнотежување на примањата во целото општество.
  6. Пензиски социјални програми, субвенционирање на грижа за возрасни луѓе во пензија.
  7. Социјални програми за вработување за луѓе со инвалидитет, пречки во развојот.
  8. Програми за работен ангажман на младите уште од 16 годишна возраст во компании кои се дел од нивниот избор на струка со 4 часовен работен ден и субвенционирање од државата.
  9. Социјална помош за невработени до моментот на вработување и меѓу вработувањата.
  10. Социјална помош за лица трајно неспособни за работа.
  11. Минимална државна старосна пензија за сите лица со навршена одредена возраст.
  12. Здравствена заштита за секого.

Спроведување

Системот на Социјалната Поткрепа ќе се исполнува со паралелно применување на останатите основни цели:

  1. Заштита за семејството (види програмски дел – Заштита на Семејството)
  2. Економската политика која ќе обезбедува целосна продуктивна вработеност користејќи го целиот домашен и иселенички Македонски работен и креативен потенцијал (види програмски дел – Економски Насоки и Цели)​

Вашите предлози за Програмската Целина – Социјална поткрепа може да ги оставите во коментари подолу, на емаил адресата contact@rodina.org.mk или активно да се вклучите во Родина.

Браќа и Сестри, нека се чуе Македонскиот глас и волја! Создавај ја и спроведувај ја Државната, Економската, Политичката, Националната, Социјалната Обнова на Македонија на здрави темели за следните 1.000 години!

Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“

https://rodina.org.mk/pristapnica/