Пишува: Дипл.Ек. Илија Јанковски, Овластен ВЕШТАК од областа Економија и финансии
Нема простор за дилема: од економски аспект, покачувањето на МИНИМАЛНАТА ПЛАТА во Република МАКЕДОНИЈА претставува реалност, потреба.
Конечно Премиерот на Владата на Република МАКЕДОНИЈА треба да си го кажи своето, да ги поддржи барањата на работниците (Сојузот на Синдикатите) и одобри зголемување на МИНИМАЛНАТА ПЛАТА.
Основаноста за ваков став на Владата е потреба и реалност, од следните причини:
- Република МАКЕДОНИЈА денес во 21 век е држава чија национална економија функционира на основите на капиталистичкиот систем со превземање на економски мерки на регулирање на пазарната економија во сегментите на пазарот на материјални добра и услуги, пазарот на трудот, пазарот на капитал итн.
- Од аспект на економската наука поврзано со проблемот на висината на минимална плата земено како економска категорија, не смееме да го испуштиме од вид фактот дека во услови кога националната екомомија е поставена на основите на капиталистички систем на стопанисување еден од основните услови за да се обезбеди раст и развој на националната економија, неминовно е да се обезбеди реалена, одржлива куповна моќ. Во контекст на наведеното е фактот што во пазарната економија потребно е да новосоздадените материјални добра и услуги се потврдат пазарно т.е. се реализираат на пазарот каде треба да се контролираат пазарните процеси што значи да истите се во функција на обезбедување на одржлива потрошувачка која е во директна корелација со реалната куповна моќ.
Еден од основните агрегати т.е. импути за одржливост и раст на купавната моќ во рамките на една национална економија се платите кои се во непосредна корелација со реалното вреднување на трудот.
Имајќи го во предвид фактот што по однос на висината на загарантирана т.е. минимална нето плата се наѓаме на дното споредено со земјите од Европа а исто е и со споредбата со земјите од Балканот, ценам дека реално прашањето во врска со барањата за пораст на миниомалната нето плата во Република МАКЕДОНИЈА од сегашните 24.400,оо денари на 36.000,оо денари оправдано се наметнува како приоритетно прашање. како и пораст на останатите плати во износ од 4.000,оо до 6.000,оо денари.
- Кога сме на темата пораст на минималната нето плата во Р. Македонија покрај важноста на економскиот параметар на куповната моќ од посебна важност е и продуктивноста на трудот како економски параметар кој има непосредно влијание врз одредување на висината на минималната нето плата. Факт е дека иако сме на дното од европските држави и Балканот по однос на минималната нето плата сепак по однос на продуктивноста на трудот од неколку држави сме подобри.
- Порастот на минималната нето плата од 24.400,оо денари на 36.000,оо денари е реално потребен од причини што во последната деценија во Р. Македонија се повеќе имаме одлив на работното население со иселување од државата.
Да резимираме:
Основана е потребата од пораст на минималната нето плата во Р. Македонија, економските параметри тоа го допуштаат некаде на ниво од мин. 32.000,оо до 36.000,оо денари и барањето на работниците за повисока нето плата треба без одлагање од страна на владата да се одобри.
Избегнувањето од страна на премиерот т.е. Валадата да учествува во постигнувањето на договор за покачување на минималната нето плата е поразително лош став. Недопустливо е владата да нема слух за барањата на работниците, а имаме најниска минимална нето плата во Европа.
