Чувствувате дека вашиот глас и мислење не значат ништо? Не сте сами, тоа го чувствуваат народите и граѓаните во сите земји каде сме сведоци како западниот лажен глобализам ни пропаѓа пред очи. На што се должи ова чувство кое не е само лажно психолошко туку се базира на координиран и комплексен повеќе-децениски процес на де-државизација спроведуван од глобалистичките институции на поразениот неолиберализам е со цел создавање свет без граници и нации а во корист на корумпираните 0.00001% од елитите околу Сорос и компанија.

Процесот на де-државизација се одвива подолго време и има повеќе компоненти. Почна со оделувањето на Централнте (Народни) Банки под превезот за потреба од нивна “независност” и нивно ставање во приватни раце. Не сите луѓе знаат на пример дека доларот не е официјална валута на американската држава туку приватно дуќанче на неколку од најголемите банки во САД, право дадено в 1913-та година со Законот за Федерални Држави (Federal Reserve Act) и обновувано досега. Единствениот што се обиде да печати вистински американски државни долари беше Претседателот Џон Кенеди но не успеа да го заврши процесот од познати причини.

А тие исти банки преку нивната главна подружница во Базел, БИС, Банка за Меѓународни Порамнувања (Bank of International Settlement) ги контролираат и манипулираат валутите и на 59 други земји со цел нивна експлоатација и прикриено оданочување. Многумина не знаат дека и Народна Банка на Македонија не е ниту наша ниту народна туку членка на БИС и со тоа средство за наша експлоатација и тајно оданочување на Ротшилдови кои го контролираат БИС.

А за да се забрани било каква независна монетарна политика во корист на благосостојбата на своите народи од страна на само номинално Народните (или Централни) Банки на светот тука е ММФ со кошничката на валути со Права за Посебни Повлекувања (Special Drawings Right) на Кралот Долар и 4 помали вазалски валути кои единствени имаат право со додавање нули на компјутерскиот екран да креираат лажен кредит од воздух и да ви го дадат вас за да го отплаќате со вистинска доларска камата.

А и ако тоа не ве вразуми тука се и ред рејтинг агеции а всушност политички инструмент на глобалните банки како Муди, Стандард енд Пур, Фич, (Moody, Standard and Poor, Fitch) кои со едно намалување на рејтингот со чист финаниски тероризам ти ја рушат валутата како што неодамна беше случај со Лирата во Турција или уште поодамна Рубљата во Русија, обеднувајќи го народот и економијата и нивната а меѓународната куповна моќ за 10% или 30% или 50% преку ноќ. Добробитта на туѓите народи, семејства и деца не вреди пет пари за меѓународната корумпирана елита.

Друг важен фактор се меѓународните организации како Светската Банка и ММФ кои промовираат отворање на границите за мултинационалните корпорации и уништување на домашните производители и крадење на природните ресурси почнувајќи од земја, вода, минерални богатства па се до твојот џеб преку локални подружници на странски банки со минимален основачки капитал. Отворањето на границите значи булдожирање на светот и избивање од раце на инструменти на државите за влијание и обезбедување на благостотојбата на своите граѓани. На пример со влезот во СТО (World Trade Organization) државите го губат правото да одредуваат висина на увозни тарифи како инструмент на економската политика.

Процесот на де-државизација е проследен со два други клучни паралелни процеси воведени во 80-тите години, од кои едниот ви е добро познат, граѓанскиот сектор или НВО, а другиот ви е помалку познат а тоа е агенцификацијата на политичките системи.

За првиот мошне добро знаеме како фунционира и дека има за цел натамошно ослабување на моќта и мандатот на државата и служи во земји како нашата да се подрива власта и нејзиниот изборно потврден легитимитет, и тоа без тоа најважно демократско средство, изборите. Значи лажните крокодилски солзи на истите грантојадачи кои гушкаат дрва, згради, кучиња и се гушкаат меѓу себе пред и по полноќ, секнуваат оној момент кога нивната дадена политичка цел е постигната. Потоа може да се сечат дрва, убиваат кучиња, а од претходното урлање на НВО ни траг ни глас. Трет сектор или НВО не само што не треба туку и не смеат да постојат затоа што ја подриваат изборната демократија бидејќи нема прашање кое го потегаат (од екологија, урбанизам итд) а кое не може (а на тој начин и мора) да се реши не на улица туку преку демократски процеси со гласање на партии кои веќе го имаат тоа прашње вклучено во своите изборни програми или преку притисок врз политичките партии да го внесат во своја програма за да биде изборно тестирано.

Нејсе, другиот, агенцификацијата е уште поподмолен и помалку видлив и забележан начин на укинување на мандатот на државите а со тоа на моќта на твојот глас нешто да смени со демократски изборни методи. Имено, пролиферувањето на бројни независни агенции кои ја дуплираат (и одземаат) улогата на министерствата кои имаат изборен мандат. Сигурно некои од вас се сеќаваат на времето кога немаше агенција за енергија, агенција за комуникации, агенција за привлекување инвестиции а тие мандати беа во рамките на министерствата за енергетика, комуникнации, економија итн. А во што е разликата? Составите на министерствта, барем теоретски, можеш да ги промениш на избори ако не си задоволен на пример со скоро бесплатното подарување на ЕВН на странска компанија. Но агенцијата за енергетика не можеш даја промениш! Затоа што е “независна” и составена од “експерти” кои подобро знаат од тебе ниту имаат законска ниту чувствуваат морална обврска тебе обичниот смртник да ти се одчитуваат.

Сега сигурно повеќе ви стануваат јасни и повеќе-децениските прокламации за независен универзитет, судство, медиуми, итн, итн. Неависни од кого? Само од тебе граѓанинот и народот, а зависни од секој друг што сака и има средства да ги корумпира.

Освен што си финансиски роб оданочуван и како поединец и како држава, ти тоа и не можеш да го промениш. После воведувањето на Третиот Пат на Клинтон и Блер како доминантна идеолошка парадигма доаѓа до конвергенција на поранешните леви и десни, либерални и конзервативни кон една иста опција оставајќи мали разлики меѓу нивните политики како што гледаме дека стана случај меѓу републиканците и демократите и во САД, само номинално леви и десни опции низ Европа а и кај нас. За кој и да гласаш, голема разлика нема бидејќи сите се движат во строгите рамки што на корумпираните политичари им ги наметна неолибералниот експлоататорски капитализам.

Но тука почнува интересното. Токму тоа раз-државување и уривање на можноста волјата на народите и поединците да се канализира во некогаш светите демократски процеси, се покажа и дека е смртната пресуда за глобалистите. Незадоволни од се побезобразната, дрска и веќе и нескриена примена на глобалофашистичките идеи со гола експлоатација и поробување и обеднување на секој еден поединец и народ, незадоволни од огромната нееднаквост која таа ја предизвикува, замолкнати од цензурата на официјалните медиуми и на социјалните мрежи, и најнезадоволни од немањето глас за нивните насушни и суштински прашања како на пример дали да бидат преплавени со мигранти, економски обеднети и немоќни да ги зачуваат своите традиционални вредности, се случи неочекувaното, пасивизираните и навидум столчени и зомбирани народи се кренаа! 

Сведоци сме на страшен и брз колапс на тој неолиберален глобалофашизам кај оние што најмалку се очекуваше, самите граѓани и народи на САД и Европа. Сведоци сме на еквиваленти на средновековните селски буни со вили и секири во денешните Жолти Елеци, Брекситери, гласачите на Трамп, подржувачите на Салвини како и огромен пораст на патриотски партии низ целиот таканаречен Западен Свет од чии некогаш познати западни вредности, права и слободи не остана речиси ни трага.

Така неминовно ќе биде и во Македонија и ние како народ тоа треба да го дочекаме подготвени. Затоа група патриоти од Македонија и низ светот изработува програма за таа визија за Ре-Државизација на Македонија по теркот кој ќе биде стандард за сите држави во тој нов праведен и слободен свет. 

Единствена победничка, и дома и во светот, визија и програма (ќе биде објавена неделава) на системски реформи која не е базирана на пропаднатиот неолиберален модел и која ќе ја направат Македонија држава модел и пример за светот да го копира. Бидејќи го доловува она што според закономерноста на историскиот и општествен развој и новосоздадените геостратешки хоризонти, секоја новоослободена држава и нација ќе мора да го примени ако сака да опстане. Држава отчетна на народот, негов слуга и во негова служба. А не раз-државена аморфна структура во корист на рака меѓународни експлоататори и нивните корумпирани марионети и камшикари на сопствените народи.

И таа програма ќе се спроведе, или преку некоја партија на избори како Родина, или коалиција на патриотски партии или пак преку Народна Влада и Собрание во случај на непредвилив но неимовен економски и социјален крах на Хунтата која е нелегитимна и тигар од хартија која се одржува само со пропагирање лажен имиџ во очите на тиранизираниот народ дека умирачкиот меѓународен систем кој не може и самиот да се одбрани, “стоел зад неа”. Во било кој случај ова ќе е единствената програма која ќе мора да се спроведе и во Македонија и во секоја земја која што ќе излегува од неолибералниот јарем, затоа што друг пат до лична и национална слобода и слобода од спакуваното ни вечно економско и финансиско ропство, едноставно нема.

Горан Шумкоски, меѓународен експерт и член на ИО РОДИНА!

www.sumkoski.com 

https://www.linkedin.com/in/sumkoski/

Бидете член на инцијативата Родина

Пристапница за Родина https://rodina.org.mk/pristapnica/