Родина Македонија
Кои сме ние
Ние сме обичниот македонски народ, ја делиме судбината со мнозинството и се залагаме за правда и еднаква можност за сите.
Зошто ние
Ние започнавме да се организираме во тоа што е одлика на нашиот народ. Чест, морал, соборност, традиција и систем на вредности.
Каде сте вие
Без вас, сето ова е залудно. Силата е во разбудената единка која работи заедно со други единки, за доброто на целиот народ и нација.
Како започна
Започна како активизам на улица, за Македонија.Предадени од политичките структури решивме да кренеме Организација на народот.
Нашите Ставови Реакции Соопштенија

ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ, ГРАДОТ СКОПЈЕ И МАФИЈАTA
Политичките партии во своите кампањи често ја промовираат европската агенда, претендирајќи да се залагаат за ред, закон и правда. Сепак, реалноста покажува дека овие ветувања се само фасада, особено кога се соочуваме со очигледни примери на криминал и беззаконие, дури и во земји со „европска“ репутација. Денес сме повторно сведоци

БРИТАНСКИТЕ МИЛИЈАРДИ И ИСТОРИСКИТЕ ЗЛОДЕЛА
Велика Британија, земја со долга историја на империјалистички политики и мешување во внатрешните работи на други народи во текот на минатите векови, но и денес, неодамна одобри кредит од 6 милијарди евра за Република Македонија. Оваа одлука покренува прашања: дали станува збор за обид за искупување за минатите постапки или

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 23.5.2025
ТЕМА: „БРИТАНСКИТЕ ПАРИ, МУЛТИПОЛАРНИОТ СВЕТ И МАКЕДОНИЈА“ УЧЕСНИЦИ: НИКОЛА ЧОНЕВСКИ – Член на претседателството на Родина Македонија ЗОРАН ЈОВАНЧЕВ – Член на претседателството на Родина Македонија На нашиот официјален јутуб, фејсбук канал и на Х (твитер) платформата

СТРАТЕШКИОТ ДОГОВОР СО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И ТАЈВАНСКАТА МИЛИЈАРДА: ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА!
Пишува: Зоран Јованчев, член на Претседателството на Родина Македонија Драги браќа и сестри Македонци, Историјата не учи, но само ако сме подготвени да слушаме! Повозрасните меѓу нас добро ја паметат „Тајванската милијарда“ од 1999 година, кога, под водство на Васил Тупурковски и неговата Демократска алтернатива, Македонија направи контроверзен чекор –

ЕУ-робија? Не, благодариме! Македонија се буди!
Пишува: Зоран Јованчев, член на Претседателството на Родина Македонија Браќа и сестри Македонци, доста ни е! Од денот кога се осамостоивме, ни ја продаваат истата бајка: „ЕУ е вашата единствена иднина!“ Триесет и четири години ни го повторуваат истото, како во времето на комунизмот, кога имаше само една „вистина“! ЕУ

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 16.5.2025
ТЕМА: „АНТИЧКИ“ МААКЕДОНЦИ ИЛИ СЛОВЕНИ?! УЧЕСНИЦИ: ТОМЧЕ ШИРКОВ – Претседавач на претседателството на Родина Македонија СТЕФАН АЦКОВСКИ – Претседавач на Родина Млади На нашиот официјален јутуб, фејсбук канал и на Х (твитер) платформата https://www.youtube.com/@rodinamakedonija
Родински разговори
Родински разговори секој петок во 21:30 на фејсбук страната на Родина Македонија.
Најгледана емисија во нашите Родински Разговори беше со почитуваната Мирка Велиновска. емисија која траеше 2:30 минути.
Најчесто поставувани прашања
Родина е инцијатива произлезена од народот, народ кој од 1991 се залага Македонија да стане современа држава во која законот ќе важи за сите подеднакво, а Македонија ќе стане пристојно место за живеење на македонскиот народ и сите граѓани.
Исклучиво трудољубивиот и чесен македонски народ.
Ние сме уверени дека вештачките воено-хушкачки творби ЕУ и НАТО кои ни се распаѓаат пред очи наскоро нема да постојат и нашата програмска цел е да ја подготвиме Македонија за надоаѓачката геостратешка реалност и единствена природна опција за следните најмалку 100 години, а тоа е идејата на Шарл де Гол за Евроазија од Лисабон до Владивосток, како заедница на слободни и суверени народи.
Сите држави кои ја почитуваат Република Македонија, македонскиот народ, неговиот идентитет, јазик, култура и историја во иднина ќе бидат стратешки партнери во креирањето на надворешната политика на РОДИНА. Партијата во формирање има за цел да остварува билатерални односи со сите меѓународни фактори кои го почитуваат меѓународното право на самоопределување и суверенитет на секој еден народ, а со тоа и на македонскиот народ и кои би и помогнале на Република Македонија во остварувањето на нејзините стратешки цели.
Родина е партија која дејствува во Република Македонија но е отворена за членство на сите Македонци моментално зад границите на татковината. Уште повеќе, Родина ќе ги повика сите Македонци да се вратат во својата земја и ќе им даде државјанства, пасоши и ред погодности за полесно враќање со семејствата и пуштање нов корен на нашата родна грутка.