Родина Македонија активно се вклучи во одбележувањето на роденденот на апостолот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев.
Јавните настапи на Родина Македонија секогаш се од позиција на македонство, вистинитост и од срце. Легитимно е тоа некому да не му се допаѓа, но и тогаш треба да постои одредено ниво на однесување и критика.
За жал, нивото на Ангел Джамбазки, европратеникот од Бугарија, со кое го коментираше настапот на нашиот член на претседателството Виолета Петковска, е недоличен, срамен и баш европски, во вистинската смисла на зборот. (фејсбук линк од неговиот коментар)
Истото се случи и со коментар на Красимир Драганов кон друг член на претседателството Владимир Трајковски.
Заканите кои пристигаат до нашите членови од страна на бугарски националисти нема да нѐ поколебаат да го продолжиме делото на Гоце, кој рекол „Додека моето рамо крепи пушка, Македонија ќе е недостапна за бугарски офицери“.
Очигледно е повампирувањето на фашизмот во ЕУ, вклучително и старите консталации од II светска војна. Од поодамна ЕУ прави ревизија на историјата во делот на антифашистичката борба и кон жртвите од истата.
Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!