Со брзина на светлинатa делуваат нашите надредени, кои си воспоставија апартхејд како своја мерка и тоа во XXI век, во сите сегменти на државниот, општествен и бизнис сектор и тоа воглавно по буџетска тендер систематизација, т.е. злоупотреба на народните пари.
Според последните информации, откако цензусоидниот претседател Пендаровски ја даде изјавата насочена кон Владата: „10 години не е ништо направено во образованието, за жал, не гледам ниту дека има план, затоа имаме 95% функционално неписмени“, намесничко-марионетската Влада, со брзина на светлината на 5 октомври 2022 год, објави информација за веќе формиран Совет за унапредување на образованието и науката!?
Наводно, предлогот е на Министерството за образование и наука, а Владата на 4 октомври 2022 год. ја усвоила информацијата за потребата од формирање на Советот.
Секако, повеќе од индикативно е дека станува збор за претходно договорена спрега помеѓу „актерите‘‘: цензусоидниот, владата и МОН, а ние сме само публика во тој евтин, но многу значаен театар кој нѐ чини образование на нашите идни поколенија. На оние кои веќе неколку децении се предмет на континуирани, разно-разни „системски“ промени, во зависност од партиската определба на ресорниот министер, но и неговата лична фрустрација и сервилност кон наредбодавачите.
МОН ќе учевствува во овој проект, но и ќе биде координатор на претставниците – неговите стратешки партнери, кои во оваа прилика нема да ги набројуваме.
Со измените треба да биде опфатен целокупниот образовен систем од основното, средното, високото образование, ученичкиот и студентскиот стандард и обезбедувањето на учебници, а во насока на градење јавни и транспарентни политики во образованието.
Тука посебно сакаме да го истакнеме тоа што е крајно сомнително и неприфатливо за една сериозна активност, како што во случајов треба да биде структурално-фундаментална поставка на целокупниот образовен систем, која има потреба од исклучително стручни научни експерти, наспроти веќе подолу посочените.
Имено, членови на Советот се:
- Премиерот Димитар Ковачевски – СОМНИТЕЛНИОТ ХАРДВАРДСКИ СТУДЕНТ, https://vlada.mk/Dimitar-Kovachevski
- Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, СТУДЕНТ ОД МАЛА РЕЧИЦА, https://vlada.mk/minister/JetonShaqiri
- Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби, УЛИЧЕН ДЕЛИКВЕНТ, НАСИЛНИК ОД СЛУЧАЈОТ ЦРКВА НА КАЛЕ https://vlada.mk/minister/ArtanGrubi
- Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, ТИРАНСКИ СТУДЕНТ https://vlada.mk/minister/FatmirBitikji
- Министерот за финансии Фатмир Бесими, ДЕЖУРЕН МИНИСТЕР ВО СКОРО СИТЕ ВЛАДИ ДОСЕГА, https://vlada.mk/minister/FatmirBesimi
- Педагошката служба како орган на државната управа во состав на Министерството за образование и наука.
И кој би направил сериозни фундаментални промени во образованието, на што инсистира цензусоидниот претседател, ако не вистинските фундаменталисти!