Вести во последните 7 дена кои нема да ги слушнете и видите на македонските медиуми.
Африка исплати 500 милијарди евра колонијални такси на Франција.
Русија отпиша 20 милијарди долари долг на Африка.
Самит Африка-Русија во Сочи на кои присуствуваа 47 државници.
Велика Британија за 5 пати го зголеми увозот на руски гас.
Германија преговара со кинескиот Хуавеј за 5Г мрежа во Германија.
Пентагон потврди дека го предале клучниот сирискиот град Манџиб на Русите.
Вежба Словенско братство во Србија со напредниот руски стратешки систем С-400.
Србија потпиша договор со Евроазија.
Македонија не започна преговори во ЕУ, после 27 години исполнување на сите мазохистички западни желби, 10 препораки и државен удар изведен од западните агенции за инсталирање на Северна, е оваа информација е 24/7 на сите медиуми, дека сепак има надеж за 2050 година,
Во Македонија НАТО и ЕУ нема алтернатива е на сите фрекфенции, како и од комплетниот политички систем составен од 39 политичи партии кои за 2018 подигнале фантастични 256 милиони денари од народната каса на Македонија, односно буџетот на Р.Македонија.
За 256 милиони денари, граѓаните на Македонија го добиваат најскапиот театар од политички систем на кој му е заглавена главата и повторува едно исто, театар кој направи велепредавство на македонскиот народ и Македонија.
Дали се чуло и видело за велепредавство некој да зема пари ?
Која е главната улога на општествениот, политичкиот и научниот систем на Македонија платен со народни пари ?
Да испорача визија, развој, излез, алтернативни патишта, стратегија за Р.Македонија и македонскиот народ во 21 век.
А што испорачува ?
Демагогија, НАТО и ЕУ нема алтернатива, распаднат општествен систем, урнат Устав, Уставен Суд, урнато судство, урнато Собрание, институции, урнато образование, криминоген економски систем, рекет,променето име,променет идентитет.
Македонија во моментов иако зафаќа централно место на балканскиот полуостров, таа поради немање визија и стратегија е слепо црево на новите транспортните и енергетски коридори.
Некогаш географската местоположба може да биде недостаток, но некогаш и предност да бидеш на главните рути на новиот пат на свилата, јужен ток, брза железница, големите инфраструктурни проекти вардарска долина.
Мили браќа и сестри Македонци, СЕКАКО ДЕКА НАТО И ЕУ ИМААТ АЛТЕРНАТИВА, таа алтернатива лежи во нашиот вечен идеал за суверена и независна Македонија, нашиот идеал за културен натпревар помеѓу народите, мир и просперитет на секој еден народ.
Западните модели на колонијализам после повеќевековното пустошење на народите и континентите заминуваат во историјата, нула кредибилитет, урнат низ милионите истребени и поробени народи од северна и јужна америка, африка, австралија, азија, европа.
Дали Македонија можеме да ја поставиме на новата геополитилка мапа ?
Секако дека може во денешно време да се премостат изгубените децении и тоа ќе го направи новата генерација Македонци кои се искалија во огнот на воените кризи на просторите на бивша југославија, приватизациите на фабриките и општествениот имот на нашите родители во кои ние требаше да работиме.
Нашата идеја Родина е подигната токму од такви Македонци и е идеја во која се фузираа Македонци со надградено знаење надвор и успешни на меѓународна сцена и Македонците кои живеат во татковината, сплотени во родољубивата и суверенистичка идеја Родина, која многу скоро ќе прерасне во политичка партија.
Родина веќе ја изработи контурата на новата суверенистичка програма Вистински Македонски Пат – Редржавизација на Македонија, која е на јавна расправа и која понуди алтернатива на евроатланската застарена и потрошена идеја, еднопартискиот политичкиот и феудален економскиот систем и ослободовуање на целокпуниот потенцијал на Македонците од надвор и дома во реформирана, функционала, праведна Македонија.
Колку повеќе Македонци се приклучат на тој пат, толку побрзо ќе се вклучиме во новите геополитички промени, кои поготово за Македонија и Македонците се шанса да здивнат од континуираните геноцидни и срами политики на западните центри на моќ, вклучително и нивниот последен геноциден проект Северна.
Ние веќе живееме и работиме во таа алтернатива во која заедно со другите слободољубиви народи ќе го направиме светот многу подобро место за живеење.
Да потсетиме!
Референдумот од 30 септември 2018 е обврзувачки за целиот општествено политички систем да ја почитува волјата на народот а тоа се трите НЕ, Не за Северна, Не за ЕУ и Не за НАТО.
Шминката за некаков економски просперитет во земја со урнато име, идентитет, Устав, закони, меѓународно право е само продолжување на предавството на сопствениот народ.
Никогаш Северна, само Македонија!
Зоран Јованчев, член на ИО- Родина
Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“