(The Times, The Telegraph, Daily Mail) објавија дека Велика Британија и „Северна Македонија“ водат формални преговори за отворање британски мигрантски центар на наша територија. („Return hub“), ама сите знаеме што значи тоа: депо за луѓе што Западот не ги сака кај себе.
Времето не е случајно. Британската дипломатија е мајстор за „тајминзи“. Чекаа да поминат изборите, но и реизборот на Христијан Мицковски за лидер на ДПМНЕ, да не им ја расипат сликата на „националните спасители“ од ДПМНЕ.
Ама народот не е будала!
Уште на 19 мај 2025 партијата Родина Македонија јасно предупреди дека овој т.н. „стратешки договор“ со Британија (линк од реакцијата) ќе не претвори во европски бунар за мигранти. И еве, британските медиуми го потврдија она што Мицкоски и неговата влада го договраа зад грбот на народот.
Тие не лажеа еднаш, не лажеа двапати – тие систематски не лажеа во лице кога велее:
„Нема преговори за мигрантски кампови!“
А еве, преговорите се во полн ек.
Што е апсурдноста на ситуацијата:
Велика Британија и нејзините западни сојузници бомбардираа и урнаа цели држави – Либија, Ирак, Сирија, Авганистан… Ги претворија во пекол, па милиони луѓе ги истераа надвор од нивните домови. Сега кога им дојдоа пред врата, тие ќе земат 100.000 „квалитетни“ работници што им требаат, а вишокот проблематични мигранти ќе ги фрлаат кај нас – во „банана-република“ каде што политичарите се на колена пред странски амбасадори и служби.
И кој го потпишува ова?
Не СДС.
Туку ДПМНЕ!
Истиот оној ДПМНЕ што ви вети дека ќе ве брани од Преспанскиот договор, од бугаризација, од секакво национално понижување. Е па, сега ве продаваат за британски мигрантски центар!
СДС и ДПМНЕ не се непријатели – тие се политички браќа-близнаци кога станува збор за предавство и за интересите на странците. Само менуваат ред кога ќе дојдат на власт за да го завршат истото валкано дело.
Нема да дозволиме Македонија да стане европско ѓубриште за луѓе!
Родина Македонија повикува:
Доста е!
Ако Владата на Мицкоски потпише мигрантски кампови во Македонија – народот ќе излезе на улица!
Нема да дозволиме ниеден мигрантски камп на македонска земја.
Нема да дозволиме нашите деца да растат во небезбедни градови.
Нема да дозволиме Македонија да биде колонија за фрлање туѓ отпад – ни канцорегон, ни човечки!
Македонци, станете! Ова е последен повик пред да биде предоцна.
Ова не е само политика. Ова е борба за опстанок на нашиот народ и нашата татковина.
Родина Македонија – гласот на народот што не молчи!
Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина
Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!
